Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Кемет електроникс“ отвори втора фабрика во ТИРЗ Скопје 1 , нови 360 работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Кемет електроникс“ отвори втора фабрика во ТИРЗ Скопје 1 , нови 360 работни места
Агровести

„Кемет електроникс“ отвори втора фабрика во ТИРЗ Скопје 1 , нови 360 работни места

Последна измена: 17/10/2022 11:54
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Вториот капацитет на американската компанија „Кемет електроникс”, инвестиција од 25 милиони евра во која ќе се вработат нови 360 лица денеска свечено е отворен во технолошко индустриската развојна зона – ТИРЗ Скопје 1.

-Одлуката на компанијата да го прошири производството тука е потврда за добрите економски политики кои ги води Владата и политиките што ги имаме за зголемување на платите на вработените, рече премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на фабриката.

Рече дека верува оти наскоро во Скопје ќе има трета фабрика на „Кемет електроникс” и вети дека како Влада ќе направат се за да се отвори таков капацитет.

Андреас Мајер, потпретседателот на „Кемет електроникс” истакна дека во новиот капацитет ќе се произведуваат кондензатори за електрични возила. Веќе е ставена во функција една линија за производство, а наскоро, како што рече, ќе бидат отворени уште две производствени линии. Со отворањето на новиот дел за 50 отсто е зголемен капацитетот на постојната фабрика, а како што најави Мајер, се планира во скоро време дополнително да се прошират капацитетите на „Кемет електроникс” во ТИРЗ Скопје 1.

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски посочи дека со новиот капацитет двојно ќе се зголеми бројот на вработени во Кемет електроникс и додаде дека од почетокот на годинава во ТИРЗ се вработени речиси 1600 нови вработени. Потенцира дека два пати годинава веќе се зголемени платите на вработените во ТИРЗ и најави дека ќе продолжат да инсистираат на зголемување на платите на вработените во технолошката зона.

Групацијата во чиј составен дел е и „Кемет електроникс” годишно има приход од 4,8 милијарди долари во 49-те фабрики, 47 канцеларии за продажба и 20 развојни бироа во Северна и Јужна Америка, Азија и Европа во кои работат 45 000 вработени. Произведува електронски компоненти за најпознатите светски компании.

„Кемет електроникс” својот прв капаците во земјава го пушти во употреба пред 10 години исто така во ТИРЗ Скопје 1.

Може да ви се допадне

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
Таг:кемет електрониксТИРЗ бунарџик
Претходен напис Николовски ја посети „Био Оил“, единствената компанија во регионот која произведува високо квалитетно ладно цедено масло од афион
Следен напис Најголемите земјоделски и прехранбени компании до 2030 година би можеле да загубат 150 милијарди долари поради климатските промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?