Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Не можел да си купи машина за чистење ореви зашто чинела 1.500 евра, па си направил сам за 15 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > (Видео) Не можел да си купи машина за чистење ореви зашто чинела 1.500 евра, па си направил сам за 15 евра
Совети

(Видео) Не можел да си купи машина за чистење ореви зашто чинела 1.500 евра, па си направил сам за 15 евра

Објавено 26/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сопственикот на плантажа, изумител и магистер за транспорт, Александар Јефтиќ од БиХ, нашол начин да го забрза чистењето на оревите, а скромно вели дека оваа иновација настанала од потреба.

На почетокот плантажата со ореви му било место каде што, по напорниот работен ден „ги полнел батериите“, а потоа, како што пристигнувале плодовите, станало сериозна семејна работа. Во еден момент му било сосема јасно дека плодовите од 130 ореви не може лесно да се исчистат со рака, па Александар Јефтиќ од Приједор, инаку магистер за транспорт, изумил машина за чистење на ореви.

„Направив машина за чистење на ореви од барабанот на стара машина за перење, а работи на сличен принцип како кубалка за пилиња, освен што наместо гумени прсти се користат груби четки“, објаснува Јефтиќ.

Тој понатаму објаснува дека долниот дел, на кој се поставени четките, се ротира со голема брзина и на тој начин нежно ја отстранува лушпата додека водата исплакнува и чисти сѐ.

На пазарот чини повеќе од 1500 евра, а тој потрошил само 15 евра

Во својата плантажа со ореви одгледува неколку сорти кои созреваат во различно време.

„Ако чекам оревот сам да испадне од лушпата, најчесто пред мене го собираат птиците или верверичките. Исто така, во последно време изразени се оштетувања од штетникот ореова мува, поради што опната на оревот поцрнува и скапува и таквите ореви е многу тешко рачно да се исчистат“, вели Јефтиќ.

Додава дека на интернет гледал разни снимки од машини за чистење од овој тип. Купувањето не било опција бидејќи биле многу скапи. Како што вели, со трошоците за испорака тие чинат повеќе од 1.500 евра, а тој потрошил само околу 15 евра.

Капацитет е околу 50 килограми за еден час и според неговата проценка, чистењето е и до десет пати побрзо од рачното.

И претходно има направено интересни пронајдоци

Како што се зголемувале приносот од насадите, така се зголемувала и потребата за нови алатки.

„Покрај оваа машина, направив и правосмукалка за лешници, крцкалка, како и „дувалка“ која го одвојува јадрото од лушпата, оревокршачка и сушара за ореви“, вели Јефтиќ.

No photo description available.
Крцкалка за ореви/фото: Facebook

Сите овие иновации значително му ја олеснуваат работата. Потешките работи најчесто ги прави сам, а во собирањето и чистењето на плантажите има значителна помош од семејството. Тој има околу 130 стебла ореви и околу половина хектар лешници на парцела од еден хектар со околу 300 грмушки на две парцели.

Фото: Facebook

Според неговите зборови, годинава била тешка бидејќи дрвјата на почетокот биле оштетени од мраз, а подоцна и од сушата. Поради тоа, родот на лешниците бил намален за околу 50 отсто, а на оревите за дури 70 отсто.

Погледнете ја крцкалката за ореви на Јефтиќ.



Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:ореви
Претходен напис (ВИДЕО) Договорното производство на органска пиперка се покажа успешен проект, за 2022 се пријавуваат многу нови земјоделци, ве очекуваме!
Следен напис Хоџа: Само за последните четири години бројот на пчелни семејства е зголемен за над 60.000, а кај младите земјоделци постојано расте интересот за одгледување пчели
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?