Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Само за последните четири години бројот на пчелни семејства е зголемен за над 60.000, а кај младите земјоделци постојано расте интересот за одгледување пчели
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Само за последните четири години бројот на пчелни семејства е зголемен за над 60.000, а кај младите земјоделци постојано расте интересот за одгледување пчели
Агровести

Хоџа: Само за последните четири години бројот на пчелни семејства е зголемен за над 60.000, а кај младите земјоделци постојано расте интересот за одгледување пчели

Објавено 26/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Да ги заштитиме пчелите, да го развиеме пчеларството и да стимулираме производство од најздравата намирница во светот, а тоа е медот.

Само за последните четири години бројот на пчелни семејства е зголемен за над 60.000, а во исто време кај младите земјоделци постојано расте интересот за одгледување пчели, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на денешното предавање „Одржливо пчеларство – искуства и практики”.

Министерот истакна дека пчелите поради загадувањето, климатските промени, урбанизацијата и пестицидите во светски рамки, се загрозени и во изумирање и заклучи дека државава има исклучително поволни климатски услови за пчеларите, што придонесува за производство на квалитетен мед.

– Да ги заштитиме пчелите, да го развиеме пчеларството и да стимулираме производство од најздравата намирница во светот, а тоа е медот. Пчелите го заслужуваат тоа, бидејќи според сите истражувања без нив нема живот. Пчеларството е еден од секторите во државава кои константно бележи тренд на зголемување. Но, сето ова не е доволно, потребни се нови конкретни чекори на светско ниво, особено пред заканата од климатските промени, сметам дека со поддршка од државата и добра развојна стратегија оваа гранка се повеќе ќе расте, изјави Хоџа.

Словенечкиот амбасадорот во земјава Милан Предан изјави дека покрај долгогодишното пријателство и соработка и пчеларството ги поврзува Словенија и Македонија.

– Македонија има извонредно добри природни услови за пчеларство и тоа кај вас е многу развиено. Со наша помош, со наши совети можеме да помогнеме пчеларството да се подигне на едно повисоко ниво, нагласи Предан.

Тој посочи дека пчеларството е многу важна дејност во нивната земја и потсети дека Словенија е таа која даде иницијатива 20 Мај да се прогласи за Светски ден на пчелите. Предан изјави дека македонските пчелари покажуваат голем интерес за искуствата и знаењата на своите колеги од Словенија и затоа одлучиле да се организира оваа конференција. Според него, климатските промени имаат големо влијание на пчеларството и од словенечките пчелари може да се преземат некои искуства.

Словенечкиот амбасадор смета дека има соработка и меѓу институциите и додаде дека тие како Амбасада се понудиле да бидат посредник во преносот на тие искуства. Тој нагласи дека ќе бидат на располагање за да ги поврзат стручните институциите, поединци од исти подрачја и пчеларски друштва од двете држави.

Боштјан Ноч, експерт за пчеларство и претседател на Пчеларското здружение на Словенија изјави дека соработуваат со поединци, а најмногу со д-р Александар Узунов, кој во Словенија држел стручни предавања и едукации и додаде дека сакаат соработката да се прошири.

Тој информира дека ќе ги пренесат словенечките искуства, европското законодавство кое, како што рече, има многу нови нешта за пчеларите, за поддршката од државата и од ЕУ, за влијанието на климатските промени.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пчеларство
Претходен напис (Видео) Не можел да си купи машина за чистење ореви зашто чинела 1.500 евра, па си направил сам за 15 евра
Следен напис Бугарските земјоделци со тритикале ќе подготвуваат квалитетна храна за животните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?