Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мечка од хранилка украла пченка наменета за дивите свињи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Мечка од хранилка украла пченка наменета за дивите свињи
Агровест

Мечка од хранилка украла пченка наменета за дивите свињи

Објавено 11/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Мангура над Нова Варош, мечка скршила автоматска хранилка која во шумата ја поставиле ловци и од неа ја изела пченката наменета за дивите свињи и за срните. Ја издале трагите од канџите и шепите во калта, а ловците велат дека не паметат слична кражба на оваа.

Автоматската хранилка неодамна ја поставиле ловците во рамки на своите редовни активности за прихрана на дивеч.

„Се искачила четири метри по буката за да ја симне на земја хранилката закачена на гранката. Потоа на хранилката ѝ го скршила моторот кој е на соларен погон, па од дупката истекла поголема количина пченка. Мечките во овој дел од ловиштето не доаѓаа од минатата зима, но ги има во околните шуми“, вели ловецот Александар-Ацо Лековић.

Како што се претпоставува, мечката во Мангура се спуштила од Муртеница, на десниот брег на Увце, каде што минатата есен и зима во потрага за храна влегла во планинските села и на жителите од амбарите им крадела пченка, а заклала и десеттина овци.

Ловците велат дека овие денови ќе ја поправат хранилката и повторно ќе ја наполнат со пченка, која за многу животни е вистинско уживање.

„Хранилката е всушност адаптирано пластично буре со опфат од 200 литри, кое се закачува на дрво. На нејзиното дно е инсталирано моторче на дигитално управување, кое во програмирано време од хранилката исфрла одредена количина пченка за да ги нахрани животните. Механизмот го покренува батерија која се полни преку соларна плоча“, објаснува Лековић.

Прихраната на дивечот е постојана работа на ловците. Се спроведува цела година, најчесто во текот на големите снегови кога на жителите на шумата тешко им е да дојдат до храна во природа. Во последните неколку години во нововарашкиот крај значително е зголемен бројот на дивеч, особено срни, па сега според некои проценки во Ловиштето „Увац“ со површина од околу 58.000 хектари има речиси 900 срни.

„Вкоренето е мислењето дека ловците само убиваат дивеч, што едноставно не е точно. Нашата мисија е најпрво да се грижиме за природата и жителите на шумата и тоа не само во текот на зимата“, вели Лековић.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:хранилка
Претходен напис Хоџа: Не се размислува за повлекување на предлог-законот за продажба на државно земјоделско земјиште
Следен напис Зголемен прометот во индустријата во првите четири месеци од годинава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?