Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Не се размислува за повлекување на предлог-законот за продажба на државно земјоделско земјиште
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Не се размислува за повлекување на предлог-законот за продажба на државно земјоделско земјиште
АгровестиРурален Развој

Хоџа: Не се размислува за повлекување на предлог-законот за продажба на државно земјоделско земјиште

Објавено 11/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа денеска изјави дека не се размислува за повлекување на предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, бидејќи како што рече, тој закон ќе придонесе за развојот на земјоделството, во делот на приходите во буџетот, но и во делот на инвестициите што би биле како дел од евентуалната продажба на земјоделското земјиште.

– Во врска со предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште точно е дека е завршена фазата на разгледување во ЕНЕР. Работната група што го изготвува законот веќе ги прибираше сите забелешки што се ставени на ЕНЕР и започна комуникација и со засегнатите страни. Освен јас, што започнав кампања за посета на земјоделците за да им се објасни делот на законот и да ја видиме нивната подготвеност, исто така од работната група почнаа да комуницираат со засегнатите страни – рече Хоџа одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими и со директорот на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи.

Тој информира дека вчера е остварена комуникација со Федерација на фармери, што, како што посочи, првично биле против, а сега по разгледувањата на предлозите што ги предвидуваше и делот на ЕНЕР, но и оние во писмото што го испратиле до Министерството, зеле предвид некои решенија.

– Останува да се организираат уште најмалку две или три јавни дебати каде што ќе бидат присутни по региони и засегнатите страни и самите земјоделци и после тоа кога ќе имаме крајно решение, односно пречистен текст со сите забелешки и сите аргументирани предлози тогаш ќе се продолжи процедурата за доставување до Собрание и за понатамошно собраниска процедура – истакна Хоџа.

Директорот на СБ во земјава, Паолучи, на новинарско прашање да даде оценка за владиниот предлог за продажба на државно земјоделско земјиште, изјави дека не е информиран за предлогот и не може да даде коментар.

– Меѓутоа има многу примери во светот каде што се преземени слични иницијативи. Би рекол дека рецептот тука е да се комбинира јавниот интерес со моделот на раст на земјата. Решението тука би требало соодветно да ги искомбинира овие два елементи и да одговара на потребите на луѓето во Македонија. Како што реков, имаме неколку примери коишто сме ги виделе ширум светот како и во европскиот регион, така и пошироко и имаме неколку извлечени поуки. Уверен сум дека властите во Македонија ги проучуваат и ги разгледуваат овие извлечени поуки за да го спроведат сето ова во согласност со најдобрите меѓународни практики – оцени Паолучи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:продажба
Претходен напис Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на балканскиот рис
Следен напис Мечка од хранилка украла пченка наменета за дивите свињи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?