Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зголемен прометот во индустријата во првите четири месеци од годинава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Зголемен прометот во индустријата во првите четири месеци од годинава
Агровести

Зголемен прометот во индустријата во првите четири месеци од годинава

Објавено 11/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2021 година, во однос на истиот месец лани, изнесува 209. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 67,3 проценти, Капитални производи за 359,5 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 103,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 34,6 проценти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, прометот во индустријата, вкупно, во април 2021 година, во однос на март 2021 година, е намален за 2,9 отсто, додека во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, е зголемен за 22 проценти.

Според податоците на ДЗС, прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи раст од 20,8 проценти. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2021 година, во однос на април 2020 година, е пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23,8 проценти, Капитални производи за 27,6 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 71,3 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,3 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2021 година, во однос на март 2021 година, се зголемил за 1,4 отсто, а зголемување за 2,4 отсто бележи во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година. Како што наведува статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 262. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 86,6 проценти, Капитални производи за 402,7 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 50,1 процент.

На странските пазари прометот во индустријата во април 2021 година, во однос на март 2021 година, е намален за 4,3 отсто, а во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, има раст од 27,1 отсто.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Таг:индустрија
Претходен напис Мечка од хранилка украла пченка наменета за дивите свињи
Следен напис Градоначалникот на Ресен, Гошаревски: Во понеделник ќе биде објавен јавен повик за пријавување на штети
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?