Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Малини на еден декар, инвестиција од 500 евра која носи дополнителен приход


Дали и колку одгледувањето на малини е исплатлив агробизнис или пак задоволство теоретското да се практикува на терен.

53 годишниот фитосанитарен инспектор Љупчо Спасовски од Крива Паланка времето после работните обврски го минува на своите насади со малини кои ги има засадено на површина од околу 3 декари во кривопаланечкото село Огут. На надморска височина од над 800 метри произведува квалитетен,здрав и вкусен плод за кој вели дека го произведува органски без употреба на пестициди,на влажна почва полна со хумус и со многу љубов и искуство вложени на терен.

Според неговите пресметки за подигање на еден декар малини потребни се околу 500 евра, да се среди површината, опремата и садниците . Има некаде околу 700 садници кои се посадени на 40 см на декар, со решено наводнување капка по капка , подредени во шпалирски систем со метална жица и бетонски колци. Има засадено две сорти полка и виламет, првата сорта ја одгледува околу 7 години додека виламет на своите површини ја има скоро 13 години и за која вели дека веќе размислува за нејзина обнова.

– Сортата “виламет” дава многу род и крупни плодови, созреваат во втората половина на месец јуни или почетокот на јули а бербата трае малку повеќе од еден месец односно до почетокот на август. Полката пак е среднорастечка сорта и нејзините плодови се берат од почетокот на август до првиот мраз. Има висок принос скоро по 4 кг од една грмушка и може да зрее и кога температурата ќе падне на -2 ° C , вели Спасовски.

Според него за дополнителна заработка се доволни 3-4 декара, доброто производство бара добри земјоделски практики а за секој производител најважно е да обезбеди садници со квалитет и докажано потекло но и да размислува околу пласманот.

Тој потенцира дека токму пласманот во последниве неколку години оди малку потешко на домашниот пазар а проблем е и цената која драстично е намалена.

Кривопаланечко, односно планинскиот и ридест предел нуди одлични услови за одгледување на малини, иако вели дека годинашниот род не ги исполнил очекувањата и е под просечниот, кој изнесува од 800 до 1000 кг по декар. За површината од 3 декара околу бербата ангажира работници кои за 8 часа берат околу 20 до 40 кг. Цената според него е варијабилна ако на пример пред десетина години таа достигнувала и до 150 денари за килограм оваа година паднала и на 60 денари за килограм и со ова се покажувало дека производството на малини нема голема перспектива. Минатата година голем дел од овошјето замрзнал затоа што немало пласман па се чекало подолго време за откупувачи.

Решението на овој проблем го гледа во помошта на државата кога е во прашање откупот и дека на производителите им треба помош во овој дел.

-Јас не живеам од малинарството тоа ми е дополнителна заработка но што со оние семејства кои егзистенцијата ја имаат во земјоделството и одгледувањето на малини, затоа мое мислење е дека треба помош од државата, смета нашиот соговорник.

Повтори дека за производството на малини не користи никакво ѓубриво бидејќи се засадени на плодна почва а за пестициди воопшто и да не станува збор, затоа што како што вели тој, нема ни потреба за тоа.

Ное 13, 2019agrotim1
Мора да има ред во фрлањето на амбалажата од пестицидиПочна изградбата на патот од кочанско Оризари до локалитетот Добра Вода

Напишете коментар Откажи одговор

13/11/2019 Предлог бизнисденари, килограми, малина, пласман, прозводство3,325

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019