Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мора да има ред во фрлањето на амбалажата од пестициди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мора да има ред во фрлањето на амбалажата од пестициди
Агровести

Мора да има ред во фрлањето на амбалажата од пестициди

Последна измена: 13/11/2019 16:37
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Мапирањата на проектот „Произведи, рециклирај, употреби, повторно употреби “на ЕД Еколошкото друштво Еко-Живот Кавадарци, финансиран од ЕУ преку проектот Енв нет го факторизира портфолиото за животната средина на ЕУ за Западен Балкан и Турција со што се покажа дека многу од дивите депонии на теренот се депонии од пакувања од пестициди за кои нaшите земјоделци ниту имат знаење ниту свест ниту пак се казнувани за да не ги создаваат.

Според податоците на ЕД Еко –Живот Кавадарци во рамки на овој проект на регионот на оптшините Кавадарци, Неготино и Росоман мапирани се над 23 депонии кои имаат негативно влијание врз биодиверзитетот, човековото здравје како и врз подземните води. Огромни количини смет се фрлаат, од органски отпад, хартија, градежни материјали и кутии од пестициди а во нивна непосредна близина се одгледуваат земјоделски култури.

Според претседателот на екологистите од Кавадарци, Роберто Паризов земјоделците мораат да знаат дека со ова вршат сериозно нагрдување врз животната средина и дека имаат обврска амбалажата од заштитните средстав кои ги употребуваат во третирањето на виновата лоза, овошките и градинарските култури да ја носат на соодветни локации за тоа и да не се фрла каде ќе се стигне покрај реки, ниви, лозови насади, овоштарници и други насади со земјоделски култури.

Поголемиот дел од домаќинствата во Тиквешијата се занимаваат со земјоделска дејност, кое опфаќа пласман на грозје, овошни култури, градинарски како и млеко и млечни производи и месо. Но за да може да се конкурира со квалитетен производ неопходно е поголема едукација и обука на земјоделските производители за одговорност при одржување на еколошки чиста средина.

– Празната амбалажа од средствата за заштита на растенијата не се гори, не се закопува во почва и не се фрла заедно со друг отпад затоа се потсетуваат земјоделците на поголема свесност и дека овој отпад го загрозува здравјето на сите нас, зашто во директен допир со човекот може да предизвикаат сериозни последици а самото вдишување на вакви хемикалии може да создаде трајни последици по органите за дишење, сметаат екологистите.

Паризов порача до надлежните да се изработи посебна стратегија за справување со ОТПАДОТ, за подигање на свеста кај граѓаните, и подигање на ажурноста на институциите кои се надлежни за соодветниот домен.

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Претходен напис Станкоски: Тутунски Комбинат е целосно подготвен за откуп на тутунот произведен во 2019 година
Следен напис Малини на еден декар, инвестиција од 500 евра која носи дополнителен приход
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?