Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна изградбата на патот од кочанско Оризари до локалитетот Добра Вода
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Почна изградбата на патот од кочанско Оризари до локалитетот Добра Вода
Рурален Развој

Почна изградбата на патот од кочанско Оризари до локалитетот Добра Вода

Последна измена: 13/11/2019 16:58
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Локалната самоуправа на Кочани ја почна изградбата на локалниот патен правец од населбата Оризари до туристичкиот локалитет Добра Вода за што се обезбедени над 26 милиони денари. Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се добиени 15 милиони денари, за кои претходно беше поднесена апликација преку Центарот за развој на Источниот плански регион. Остатокот од парите до вкупната вредност на инвестицијата е обезбеден со кофинансирање од општинскиот буџет, за што претходно согласност даде и Советот на Општината.

–По воведувањето во градежните работи на изведувачот „Бетон“ од Скопје почнува реализацијата на проектот за изградба на патот што води до манастирот „Пресвета Богородица“ во месноста Добра Вода, а за што имавме барања од поголем број жители на Оризари. Се работи за познато излетничко место, каде за време на манастирската слава се собираат неколку илјади верници и гости од регионот и пошироко, но посетено е и во текот на целата година, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Патот од Оризари до Добра Вода е со должина од два ипол километри и ширина од 3,5 метри. Покрај пробивањето и изградбата на неопходната инфраструктура, планирано е асфалтирање на коловозот и поставување на информативни табли и соодветна сообраќајна сигнализација.

Може да ви се допадне

Три недели откако пропадна патот во Галичник, нема абер дека некој ќе го поправи
(ВИДЕО) Големи ама празни куќи – ваква е сликата во село Тркање, младите се иселиле, останале само повозрасните
Американскиот долар во раст по економските податоци, на пат за четврта недела со добивки
Spirit of Prespa: Совршен ден исполнет со прекрасни луѓе, највкусна храна и незаборавна атмосфера
Жителите од Прилепско протестираат за градежните работи на патот Прилеп – Крушево
Таг:парипатрурален развојсанацијасредства
Претходен напис Малини на еден декар, инвестиција од 500 евра која носи дополнителен приход
Следен напис Хемомак: Есенско третирање на коскестите и јаболчестите овошни видови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?