Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Влијание на корона вирусот на ЕУ економија : Европското здружение на земјоделци Copa & Cogeca бара поддршка за земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Влијание на корона вирусот на ЕУ економија : Европското здружение на земјоделци Copa & Cogeca бара поддршка за земјоделците
Пазари

Влијание на корона вирусот на ЕУ економија : Европското здружение на земјоделци Copa & Cogeca бара поддршка за земјоделците

Последна измена: 24/03/2020 13:46
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Европското здружение на земјоделци  Copa & Cogeca бара поддршка за земјоделците од Европа и најави дека ќе испрати писмо до Европската комисија со кое  ќе побара поддршка за земјоделскиот и агро- туристичкиот сектор. Претставници од здружението  известуваат дека се во постојан контакт со службите на ЕК и редовно ги информацираат за влијанието на  вирусот COVID 19 врз овој сектор.

Европската комисија доби мандат за понатамошно зајакнување на мерките против  коронавирусот во сите сектори на општеството, но и за координација при делување на државите челнки. Кризата поврзана со COVID-19 има многу значајна човечка димензија, но и потенцијално големо економско влијание.  

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен ќе ја претстави „ Иницијативата за вложувања поврзани со вирусот“, а која ќе биде насочена кон здравствениот систем, малите и средни претпријатија, пазарот на труд како  и кон останатите важни делови на стопанствата на земјите членки на ЕУ,  се истакнува во соопштението здружението Copa & Cogeca.

Ќе се бара поддршка за земјоделскиот и агро-туристичкиот сектор

Комисијата ќе започне иницијатива за финансиска поддршка во време  на епидемијата на коронавирусот во висина од 25 милијарди евра, со цел да се постигне  рамномерна поддршка на националните состави за грижа на здравството, малите и средни претпријатија, пазарот на трудот и другите загрозени сектори од стопанства на ЕУ. Овие наменски средтсва  доаѓаат од неискористените структурни фондови во висина од 7,5 милијарди евра, односно 18 милијарди евра од структурните фондови.

„ Ќе формираме работна група која ќе соработува со државите члнки на ЕУ за да бидеме сигурни  дека парите ќе почнат да се слеваат веќе  во наредните недели. Европската комисијата ќе предложи оваа година да се откаже од својата обврска за да  побара  враќање на неискористените средства од Евроспкиот структурен и инвестициски фонд кој моментно го имаат државите членки“, изјави вон дер Лајен.

Здружението Copa and Cogeca  ќе упати писмо до Европската комисијата со кое ќе ја извести за состојбите и ќе побара поддршка за земјоделскиот и агро-туристичкиот сектор. Истакнуваат дека се во постојан контакт со службите на комисијата кои даваат редовни информации за влијанието на вирусот.

Пролонгирање на пролетната сеидба

Во ова здружение потенцира  дека Организацијата за економска соработка и развој- OECD проценува дека глобалниот економски раст оваа   би можел да  падне на 2,4 %, во споредба со  2,9 % во 2019. Се очекува пораст од 3,3 % во 2021. Во азиско-пацифичката област , епидемијата од ковид вирусот , би можел да го намали глобалниот раст на економијата , на дури 1,5 % оваа година,  велат  најновите привремени економски проценки на OECD.

„Растот на економијата во Кина ,оваа година би трeбало да падне под 5% после падот од 6,1% во 2019. Дури и во најдобрите сценарија за земјите надвор од Кина OECD , очекува нагло запирање на светскиот раст во првата половина на оваа година поради штетите настанати во синџирите за набавка и стоката, пад на туризмот и пад на самодовербата “, истакнуваат надлежните, при тоа додавајќи дека оваа недела се очекува да продолжи дождливото време  во Франција  и  во други земји во Европа што дополнително ќе ја пролонгира пролетната сеидба, особено на јачменот.

Ситуацијата е тешка со оглед на тоа дека најпродуктивните подрачја на разни земји ( не само кога станува збор за храната), како Италија, масовно се зафатен од вирусот.

Во Кина се подобрува ситуацијата

Кога станува збор за Кина, во здружението напоменуваат дека ситуацијата, наводно се поправа.   „Слушаме дека кинеските пристаништа веќе  80% до 90% се вратиле во работа. Како една од последиците е и тоа дека имаат   сериозен  недостаток  од  ладилници. Во секој случај с глобалната трговија веројатно ќе остане пореметена неколку месеци“.

„Се забележува намален интерес за азискиот пазар, опаѓа  побарувачката  за кинеските ресторани ,а со тоа се уназадува и туризмот. Ограничувањата за одржување  свечености, саеми или други големи нстани носат негативни бизнис влијанија. Падот на авионскиот сообраќај низ светот исто така ќе има негативни бизнис  влијанија врз  продажбата“, коментираат од здружението.


Може да ви се допадне

Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Советник на Трамп: Британците ќе обожаваат хлорирано пилешко и говедско месо со хормони
Трипуновски: Околу 13.000 тони македонско јаболко извезено во првите два месеци оваа година
Цени на производите на КВАНТАШКИ ПАЗАР – Скопје: Домати 80 денари, пиперки 160 денари за килограм
Таг:Европско здружение на земјоделциЕУ еконимијаПоддршка за земјоделците
Претходен напис Агрометеоролошка состојба во државата
Следен напис „Ловец на мраз“- систем со кој хрватот Жељко Ледински ги штити своите овоштарници од пролетниот мраз
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?