Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува реализацијата на „Вирови“ – 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува реализацијата на „Вирови“ – 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра
Агровести

Почнува реализацијата на „Вирови“ – 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра

Објавено 12/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изградба на 415 мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, најавија денеска премиерот Зоран Заев и германската компанија WPD.

Како што соопшти Заев, станува збор за најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес.

Ќе се гради, рече Заев, ветерен парк т.н. Вирови – најголем капацитет од обновливи извори на енергија во земјава, колку што имаат двата болка на РЕК Битола. Поставени ќе бидат 69 нови ветерни турбини што е за четири пати повеќе од досегашните 16 на границата со Грција, кои ќе создаваат над 400 мегавати струја.

„Вирови” нема да користи никакви повластени тарифи од државата, ќе снабдува 290.000 домаќинства со електрична енергија, а инвестицијата ќе се одвива во неколку фази.

-Ова не е само најголемата германска иневстиција во земјата, ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес. Таа е доказ дека зеленото сценарио и тоа како е возможно. Овој проект е повеќе од половина од предвиденбите 700 мегавати со стратегијата – истакна Заев.

Според него, големите инвеститори ги препознаваат економските можности, безбедноста и стабилноста на земјата, а доаѓаат зашто добро се сработени реформите.

-Ја донесовме потребната легислатива, создадовме услови за инвестирање во безбедна и сигурна земја, фер услови за сите. Работиме согласно европските правила, со сериозни и докажани инвеститори – нагласи премиерот.

WPD работи во 28 земји и располага со над 5.000 мегавати инсталиран капацитет во обновливи извори.

Инвестицијата ја поздрави и германската амбасадорка Анке Холтајн, посочувајќи дека проектот ќе овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид.

-Драго ми е што гледам се поголема соработка меѓу двете земји во полето на енергетиката. Проектот ги поддржува амбиционзите цели на македонската Влада во енергетската транзиција – истакна амбасадорката и напомена дека договорот ќе трае 45 години.

МИА

Може да ви се допадне

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Во јуни годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и 13,1% на вкупната кредитна поддршка
Таг:Вирови
Претходен напис Лист од орев како природен конзерванс – Природните конзерванси делуваат исто како и нивните синтетички паралели
Следен напис Нов скок на цените на нафтените деривати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?