– Конференција на тема „Фер и одржлив туризам“ денеска ќе се одржи преку Zoom платформата, во организација на Здружението Изгрејсонце со поддршка на Green European Foundation – GEF, под модераторство на Александар Ѓорѓиевски, национален координатор на проектот „Фер и одржлив туризам“.
На конференцијата ќе говорат Серџи Алегре од Фондација Нови хоризонти од Каталонија, Шпанија, Жаклина Живковиќ од Здружението „У мрежи”, Србија, Клаус Мерш од организацијата ФРЕДА, Австрија и Ана Петровска со преглед на Туризмот во Охрид како надворешен соработник на проектот „Фер и одржлив туризам“. Воведно обраќање на настанот ќе имаат Маја Морачанин од ДОМ и Ведран Хорват, лидер на проектот „Фер и одржлив туризам“ од Институтот за политичка екологија од Хрватска.
МИА