Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кога сите би работеле на нива, сиромашни сигурно нема да има
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Кога сите би работеле на нива, сиромашни сигурно нема да има
Предлог бизнис

Кога сите би работеле на нива, сиромашни сигурно нема да има

Последна измена: 23/03/2020 13:20
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

44 годишната Лилјана Вучкова од Неготино, е вреден земјоделц за која пишувавме неодамна, работното место и е тесно поврзано со работата на поле, тезгата и аргатлукот. И овој пат во прошетка на неготинското село Курија ја најдовме со засукани ракави на нива, заедно со својата мајка ангажирани околу сеењето на леите со тутун. Вели дека нејзиниот работен ден во сезоната на земјоделските работи почнува рано наутро, уште од шест часот, на нива е преку целиот ден, вели нема време за одмор преку ден зашто има многу работа.

– „ Додека да дојдеме дома, кога со сопругот, кога сама , додека вечераме, малку ќе седнеме да одмориме, ако сум послободна така да седнам пред телевизор и веќе стигнала ноќта и право на спиење. Убавото време викендов решив да го искористам да ги направам леите за расад на тутун и за работи околу врзување на лозјето“, објаснува Лилјана, ведра жена чија насмевка најдобро сведочи за тоа со каква леснотија го прифаќа тешкиот живот на земјоделецот, која знае дека единствено само големито труд и работа од утро до мрак се гаранција дека ќе заработи, да има и да заштеди.

Вели не сади многу зашто не е насочена кон одгледување на една земјоделска култура. Главна насока и е лозарството, но сепак и желбата за тутун не ја остава настрана. Ќе засади еден декар на површините на кои има овоштарник со насад од праски на површина од 8 декари од сортата нектарина но минатата година не поминала добро поради нивното измрзнување кое се повторува веќе 5 години наназад. Затоа решила два декари од овоштарникот да ископачи и на нивно место да засее еден декар тутун и еден декар пипер од сортата „капија“.

-„ Лани имав малку засадено тутун на 300 м2, набрав само 120 кг, добро поминав го продадов во Алијанса во Кавадарци, просек ми излезе 200 денари за килограм. Добро е, можеби и затоа годинава решив да засадам повеќе, сега очекувам ако ни се погоди годината да наберам околу 600 килограми од сортата „ прилеп“. Другиот декар планирам да засадам пипер ајварка, добра е земјата, се надевам дека ќе имам убава пиперка, само времето да биде на наша страна. Капијата ја продавам на пазар, имам редовни муштерии на тезга но доаѓаат и од нива да ја земат, објаснува Лилјана.

На површина од околу  23 декара одгледуваат лозје, овоштарник, градинарски култури и тутун. 15 декари под лозов насад има од сорите смедеревка, мерло и ризлинг годинава набрала 23 тони и е исплатено во целост  но и рече дека сеуште не и се исплатени парите за предаденото грозје во ВВ Повардарие од 2016 година.

– „Ги чекам тие пари, останаа уште околу 20 000 денари, еве 4 години поминаа од тогаш, можеби не се многу за некого ама мене ми значат, бев неколку пати во Повардарие, си ги барам парите а од таму само креваат раменици и велат те нема во списокот на оние кои треба да ги исплати државата и толку. Никој не знае ништо да ми каже и веќе не знам кому да се обратам“, ни се пожали оваа вредна земјоделка.

Вели дека е исплашена и оваа година со насадите со праски, во фаза на цветање а временските неприлики се многу сурови за нивниот нежен цвет, стравува дека и оваа година ќе помине исто како и претходната. Ако не дај боже повторно измрзнат, ни обајсни таа, планира да ги ископачи во целост и на нивно место да засади друга култура, најверојатно бостан.

Лилјана е една од оние жени кои ги работат сите работи. Цепи дрва, вози трактор, понекогаш кога е послободна се занимава со рачни изработки, учесник и добитник на награди од манифестацијата Вешта жена , откинува малку време да испие и кафе со своите пријателки.

-„ Можеби некој мисли дека вака со многу работа се обезбедува и поугоден живот, дека може да се стекне повеќе, ама не е така. Сепак, рака на срце, не е толку страшно, но редовно кога ќе стартува производствената сезона и кога треба да се набават репроматеријали се јавуваат поголеми трошоци“, раскажува Лиле.

Не сака многу да се жали, вели среќна е што има големо семејство и што се сите заедно, не стравува како ќе биде утре но секогаш има желба да биде подобро. Со насмевка, кога ја прашавме дали може во селото да има сиромашни, вели : Кога сите би работеле на нива, сиромашни сигурно нема да има“.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Велче Црвенов: Наместо работа во Швајцарија, семејна фарма со 100 грла овци од расата Асаф и убав живот дома
Германци бегаат од оваа работа иако заработуваат 3.000 евра месечно: Се потешко е да се задржат и странските берачи
Како да направите печуркарник од просторија 4×4, кој има капацитет од 250 вреќи и што сè ќе ви биде потребно
Ивица Ѓорѓиевски: Пред 10 години родителите напуштија државна работи и од Скопје се преселивме во село, сега сме земјоделци и имаме се!
Марјанчо и Христина и нивниот земјоделски живот: 4 ха со тутун, 25 ха житарица, штала со крави и механизација за профитабилно производство
Претходен напис Холандија уништува 80% од произведеното цвеќе
Следен напис Снегот и земјоделството во пролетта 2020
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?