Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Снегот и земјоделството во пролетта 2020
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Снегот и земјоделството во пролетта 2020
Агропрогноза

Снегот и земјоделството во пролетта 2020

Објавено 23/03/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Промената на времето која се случи во текот на денешниот ден, со продор на ладен и снежен бран од северо-исток допринесе за формирање и на снежна покривка на пониските места, но најчесто на планините особено во северните и западните делови од Републиката.

Ваквата временска состојба ги затекна овошките во фаза на цветање или прецветување, особено коскестите видови како кајсијата, бадемот и сливата џанка, но тука се и раните сорти праска.

Кајсијата во јужните делови се наоѓаше во фаза и на заметнување на плод, фено-фаза која е нај осетлива каде и темератури од -0,6 или -1,0 оС може да причини штети. Снегот како појава, но и температурите кои се одржуваат, добро е што денес се позитивни, состојба која не очекуваме да предизвика директни поголеми штети од самото задржување на истиот на деловите од цветот или евентуално плодот, штетите би биле поголеми доколку дојде до предвремено разведрување и спуштање на утринските температури со негативни вредности.

Добро во целата оваа состојба е што синоптичката состојба е таква што неколку дена со ред се одржува облачно време кое треба полека да се затоплува, а со тоа би се загреала и атмосферата до одреден степен, така што кога ќе дојде денот да не одмине овој бран и разведрувањето, ударот со негативни температури би бил послаб.

Како што одминува времето не се загрозени само коскестите видови, се повеќе се наметнува и опасноста и кај јаболчестите видови и во останатите региони кај кои вообичаено касни вегетацијата, сепак колку е по ниска фазата на развој, толку и отпорноста им е поголема. Штети претрпеа овошките и со мразот од минатата седмица во вторникот наутро, но барем засега нашите проценки се дека овие штети ќе бидат со проредување на родот, додека барем засега немаме извештаи дека има целосно уништување.

Не се само температурите фактор кој може да причинат штети, тука како фактор се јавува нивното времетраење, експозицијата на теренот каде се наоѓаат насадите, типот на почвата, присуството на влага во почвата и сл.

Моменталната состојба не е добра но далеку е од катастрофална, ваква иста состојба имавме на 23-ти март Светскиот ден на метеорологијата и во 2018 година, со снег и снежна покривка, па имавме овошки од сите видови. Според климатолошките податоци последните просечни датуми за појава на мраз во пролет само на мал број на станици е помината, така да ова не е прв пат да имаме вакви временски услови во овој период од годината.

Ангелко Ангелески, советник за агрометеорологија при УХМР

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:земјоделествоснегстепеницветањецелзиусови
Претходен напис Кога сите би работеле на нива, сиромашни сигурно нема да има
Следен напис Безбедно подготвувајте ја и храната дома
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?