Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Искуства од соседството: Ги вложил парите заработени во Швајцарија во фарма за магариња, сега во ова српско село по млеко и сирење доаѓаат луѓе од цела Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Предлог бизнис > Искуства од соседството: Ги вложил парите заработени во Швајцарија во фарма за магариња, сега во ова српско село по млеко и сирење доаѓаат луѓе од цела Европа
Предлог бизнис

Искуства од соседството: Ги вложил парите заработени во Швајцарија во фарма за магариња, сега во ова српско село по млеко и сирење доаѓаат луѓе од цела Европа

Последна измена: 16/02/2023 13:16
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

Љубиша Петровиќ Брка од селото Бобово кај Свилајнец, по три децении работа во Швајцарија, пред 11 години решил да се врати во родната Србија и на посебен начин да покаже дека и таму може да се живее убаво и удобно.

Во 2019 година, тој основал фарма за магариња во неговото село.

-Соседите ми се смееја кога реков дека ќе отворам фарма за магариња. Меѓутоа, бев одлучен, бидејќи овие животни ги сакам уште од моето најрано детство – вели Љубиша, кој моментално е во Швајцарија, како што вели има уште неколку години до пензија, но кога и да има време, доаѓа во Србија за да ги посети неговите миленици и да види дали треба уште нешто за фармата која им ја доверил на своите најблиски роднини да се грижат за неа.

На фармата за магариња во селото Бобово моментално има 25 магариња, а се започнало со доаѓањето на Цветко на фармата, кого сопственикот Љубиша Петровиќ го добил од својот кум за педесеттиот роденден.

После тоа купил уште магариња и сега на фармата има вкупно 25, од кои шест магариња го даваат ова благородно и лековито млеко. Дивна, Јуна, Мими, Петројка, Маја, Чупка, Лепа, секое животно си има свое име. Љубителите на магариња доаѓаат да се фотографираат со нив. Некои само сакаат да ги погалат, бидејќи се вели дека од луѓето ја извлекуваат негативната енергија, но повеќето од нив доаѓаат да купат млеко и сирење.

-Млекото е навистина лековито. Ни доаѓаат луѓе од цела Србија. Тетратката е полна со оние кои се најавуваат. Доаѓаат Романци, Бугари, Французи, доаѓаат од Швајцарија. Секој што има здравствени проблеми, било да е тоа со белите дробови или имунитетот, доаѓа кај нас по нашето млеко, кое не може да наштети, само помага. Кој е во неволја, со најтешки болести, доаѓа да земе млеко. Секогаш даваме повеќе во такви случаи – вели Слаѓан Тилиќ, кој е роднината кој се грижи за фармата, пренесува Еkapija.

Тој детално објаснува како се добива млекото и зошто цената е повисока во однос на другите видови млеко.

-Млекото се добива само седум до осум месеци. И тоа еден месец по лактацијата, започнува молзењето, кога младенчето цица. Тогаш се зема и млеко. Дневно се добиваат од 300 до 800 милилитри, во зависност каква е магарицата – вели Слаѓан и напоменува дека затоа цените на млекото од магарињата се повисоки од кравјото млеко, бидејќи млекото се добива само за неколку месеци.

За литар магарешко млеко треба да одвоите 50 евра, а за килограм вистинско магарешко сирење за кое се трошат 25 литри млеко, бидејќи млекото е без маснотии, треба да одвоите значителна сума на пари бидејќи не е лесно да се направи. Вистинските хедонисти не жалат што платиле 1.000 евра за килограм. Оние кои не можат да си дозволат, купуваат сирење по грам. Значи парче од 100 грама чини 100 евра.

Досега имале само три муштерии за сирење.

-Млекото има сладок вкус, многу е вкусно, нема мирис и е без маснотии. Не за џабе старите Грци го користеле овој пијалак како главен антибиотик, а старите Римјани како медицински пијалак. Клеопатра го користела за капење, па затоа се смета за вистински еликсир на младоста и убавината. Планираме во блиска иднина да се прошириме и да воведеме кој ќе ја посети нашата фарма да има каде да преноќи, а на некои што сакаат ќе им овозможиме да се капат во магарешко млеко – вели Слаѓан и објаснува дека на фармата за посетителите има и сапуни направени од ова млеко, а размислуваат да почнат и со козметички препарати.

Според сопственикот, целта е во скоро време фармата да се прошири уште повеќе.

-Покрај 50.000 евра што ги вложи за купување животни и опремување на објектот за нивно одгледување, Љубиша сака да инвестира уште повеќе и да ја прошири фармата на 100 или повеќе грла. Нема да штеди пари, иако за една магарица треба да се одвојат околу 400 евра, а за магаре околу 250 евра. Затоа малкумина се занимаваат со овој бизнис – потсетува Слаѓан и вели дека овие благородни животни лесно се одгледуваат.

За магарињата често се вели дека се тврдоглави животни, но Слаѓан го тврди спротивното.

-Најдобро млеко даваат кога ќе бидат пуштени на ливада и пасиште. Инаку, не ги пуштаме во зима, ги чуваме во нивните штали иако се отпорни на студ и не би имале ништо против. Ги храниме со сено, им даваме овес и вложуваме многу љубов и труд во нивното одгледување. Тие не се тврдоглави животни како што мислат некои, тие се питоми и паметни животни кои треба да се сакаат – вели Слаѓан Тилиќ.

Може да ви се допадне

Германци бегаат од оваа работа иако заработуваат 3.000 евра месечно: Се потешко е да се задржат и странските берачи
Како да направите печуркарник од просторија 4×4, кој има капацитет од 250 вреќи и што сè ќе ви биде потребно
Ивица Ѓорѓиевски: Пред 10 години родителите напуштија државна работи и од Скопје се преселивме во село, сега сме земјоделци и имаме се!
Марјанчо и Христина и нивниот земјоделски живот: 4 ха со тутун, 25 ха житарица, штала со крави и механизација за профитабилно производство
Што е важно за одгледување на кози во штала – совети за почетници
Таг:магарешко млекомагариња
Претходен напис Нега на пчели во февруари
Следен напис АХВ доби позитивна оценка од сертификационо тело QualityAustria за квалитетот на услугите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?