Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Договорно производство на пченка: Откупувачот „Голд Ланд“ на земјоделците им нуди сигурен откуп, пазарна цена и исплата истиот ден
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Договорно производство на пченка: Откупувачот „Голд Ланд“ на земјоделците им нуди сигурен откуп, пазарна цена и исплата истиот ден
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Договорно производство на пченка: Откупувачот „Голд Ланд“ на земјоделците им нуди сигурен откуп, пазарна цена и исплата истиот ден

Објавено 05/02/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Започна кампањата на Агротим за договорно производство на пченка. Првата трибина за која имаше одличен интерес од страна на земјоделците, се одржа вчера во Битола.

На трибината, на која присуствува Ленче Николовска од Агротим, претставници на компанијата откупувач „Голд Ланд“, Арбен Абдурахмани и Абдулезел Догани, претстедателката на ЗЗ „Современо земјоделство, М-р Билјана Петровиќ, Елагафар Јусуфи, директор на АПРЗ и од МЗШВ, раководителот на ПЕ Битола, Методија Илиевски, се разговараше за условите под кои ќе се реализира договорното производство на пченка во пелагонискиот регион.

Договорното производство е најдоброто решение за земјоделските производители бидејќи на тој начин имаат гарантиран откуп, откупувачот има сигурна суровина, а за државата тоа значи зголемено домашно земјоделско производство.

-Пред 2 години, како советник на премиерот Заев, заедно со директорот на фабриката „Благој Ѓорев“, организиравме договорно производство на сончоглед кој се покажа како доста успешен проект, со кој се зголемија површините и производството под оваа маслодајна култура. Охрабрена од резултатите, заедно со компанијата “Голд Ланд“ инициравме и организиравме договорно производство на пченка. Се работи за сериозна компанија која ја предводи нашиот познат стопанственик Арбен Абдурахмани кој долги години е во агросекторот. Затоа ве охрабрувам и убедувам да се приклучите во договорното производство и да покажеме дека може да имаме резултати доколку сите чинители бидат во еден систем – изјави Николовска.

Сопственикот на „Голд Ланд“, Абдурахмани на земјоделците, во една пријателска атмосфера, им ги објасни условите под кои ќе ја откупува пченката, со простор за заеднички договор околу загарантираната цена која ќе ја пишува во договорот.

-Она што ви нудиме како компанија е гарантиран откуп, со договор во кој ќе има загарантирана минимална цена под која нема да се оди. Доколку цената за време на откупот биде повисока, ние ќе ви ја платиме повисоката цена. Исто така предноста која ја нудиме е плаќање истиот ден кога ќе ја донесете пченката. Доколку е пред 13 часот, парите ќе бидат на ваша сметка истиот ден, ако ја предадете пченката после 13 часот, средствата ќе ги имате следниот ден – изјави Абдурахмани.

Земјоделците беа задоволни од понудата на откупувачот, но имаше други прашања поврзани со откупот, а се однесуваа на процентот на влага, крш, начинот како ќе се носи пченката, транспортниот трошок и други детали поврзани со договорот.

-Прво сакаме да ја пофалиме оваа иницијатива од ваша страна, сигурни сме дека сите што имаме вакво производство ќе сакаме да се приклучиме на договорното производство. Решениот пласман ни е најважно и затоа ја поздравуваме оваа кампања и се надеваме на долгорочна соработка и договор за сите аспекти од проектот – изјавиjа земјоделците.

-Денешната трибина е токму заради тоа, да се запознаете со условите, заеднички да дојдеме до најдобрите услови за вас, да воспоставиме еден партнерски однос меѓу вас и откупувачот и во тоа како здружение „Современо земјоделство“ максимално ќе ви помогнеме. Ние ќе бидеме линкот меѓу вас, односно теренот и откупувачот. Сигурна сум дека ова е правилниот начин за вашата работа и сигурност на производството – рече Петровиќ.

На трибината стана збор и за можноста земјоделците да добијат регрес квалитетно семе и други репроматеријали, за што откупувачот изјави дека ќе ги овозможат сите услови тие да произведат квалитетен производ и висок принос.

– Како советодавна агенција стоиме на располагање да помогнеме на терен кај земјоделците. Нашите советници имаат искуство и знаење да ви помогнат да добиете повисок принос и квалитет а со тоа да имате и поголема заработувачка. Откупувачот е сериозна компанија и затоа ве мотивирам да се вклучите во овој процес – им се обрати на земјоделците, директорот на АПРЗ, Јусуфи.

За крај на трибината во која, свое обраќање имаше и Александра Петровска од СН Осигурителен брокер, на земјоделците им ја потенцираше важноста од осигурувањето на посевите со пченка. Петровска е раководител на сите експозитури низ цела држава и виш соработник во тимот кој работи за сектор земјоделство. Таа ги увери присутните дека сигурен земјоделец е само осигуран земјоделец.

-60% од полисата е покрена од државата, вие плаќате само 40%. Направив еден пример. Доколку имате 10 тони принос пченка по хектар, цената да биде 11 денари по килограм. Сумата за осигурување е 110.000 денари. Вкупната премија за исплата е 8250 денари. Премијата која вие треба да ја платите е само 3300 денари додека субвенцијата од државата изнесува 4950 денари, рече Петровска.

Следната едукативна интерактивна трибина ќе биде во среда, 10 февруари, во општинската сала во Општина Кривогаштани, со почеток од 12 часот.

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Претходен напис Откупната цена на свињите во ЕУ се намали за 36 проценти
Следен напис ОН: Цените на храната во светот го достигнаа максималното ниво од 2014 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?