Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Хемомак: Есенско третирање на коскестите и јаболчестите овошни видови


Есенското третирање на коскестите овошни видови (праска, нектарина, кајсија, цреша, вишна и слива) и јаболчесто овошје (јаболко, круша и дуња) е неопходно за намалување на инфективниот потенцијал на многу патогени и популацијата на голем број на штетници.


Ова третирање се препорачува во фаза на опаѓање на листовите (70% опаднати листови), со цел создавање на депозит од фунгицид кој би доспеал до раните кои се создаваат при опаѓање на листовите. Овие рани претставуваат влез за многу патогени како што се причинителите на шупликавост на листовите (Stigmina carpophilla), рак рани и сушење на овошките (Cytospora cincta), кадравост на листовите од праска (Taphrina deformans), причинителите на монилиозни заболувања (Monilinia spp.), чадлива дамкавост и краставост на плодовите од јаболко (Venturia inaequalis), бактериска пламеница кај јаболкото и крушата (Erwinia amylovora) и бактериски рак рани и изумирање на гранките кај коскестите овошни видови (Pseudomonas sp.).


Во овој период исто така се препорачува и примена на инсектицид, со чија помош би се намалила попуплацијата на голем број на штетници како што се штитестите вошки (Coccideae), лисните вошки (Aphis sp.), трипсите (Thrips sp.) за наредната година.


Ја препорачуваме комбинацијата:
Funguran OH 50 WP или Copernico HiBio: 3 kg/ha + Reldan 22 EC (2 – 4 L/ha) или Harpun (1 L/ha).

Изготвил: M-р. Петковски Ефтим

Заштита на растенија – Хемомак Пестициди ДООЕЛ.

Ное 13, 2019agrotim1
Почна изградбата на патот од кочанско Оризари до локалитетот Добра ВодаБугарија: Се повеќе земјоделци го заменуваат тутунот со шафран

Напишете коментар Откажи одговор

13/11/2019 Советидрво, есенско третирање, заѓтита, заштита, препарат, хемометал1,196

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019