Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците да преземат мерки за заштита на младите есенски и градинарски култури од површинско замрзнување на почвата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците да преземат мерки за заштита на младите есенски и градинарски култури од површинско замрзнување на почвата
Агровести

Земјоделците да преземат мерки за заштита на младите есенски и градинарски култури од површинско замрзнување на почвата

Објавено 09/11/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците будно да ја следат временската прогноза. Поради најавените минусни температури, да преземат мерки за заштита на младите есенски посеви кои се во фаза на никнување и на новозасадените градинарски култури од површинско замрзнување на почвата, апелираат агрометеоролозите од УХМР.

Се препорачува мулчирање или површинско покривање на почувствителните растенија со заштитна фолија (агротекстил) за да се зачува акумулираната топлина во почвата и да се спречат оштетувања на кореновиот систем од првите ноемвриски мразеви.

-Земјоделските производители треба редовно да ја следат состојбата на своите посеви по дождот и да проверуваат дали има прекумерно задржување вода. Се препорачува одложување на ѓубрењето во периоди на висока влажност, за да се избегне ризикот од испирање и загуба на хранливите материи. Поради зголемената релативна влажност во зоната на растенијата, создадени се поволни услови за појава на растителни болести и штетници, па затоа е неопходна редовна контрола, нагласуваат агрометеоролозите.

Според нив, врнежите се добредојдени, особено за есенските посеви. Оптималните рокови за есенска сеидба се во тек, а дел од житните култури, како пченицата, во некои региони се веќе во фаза на никнување.

- Реклама -
Ad image

-Врнежите во овој период се од исклучително значење, бидејќи обезбедуваат влага која е главен услов за р’тење и правилен развој на семето. Во лозарските региони голем дел од врнежите што паднаа се акумулираат во подлабоките слоеви на почвата, што е одлично за следната вегетативна сезона. Кај овошните култури во овој период од годината е потребно да има доволно влага и на длабочина над два метра. Ова му овозможува на растението да обезбеди резервна зимска влага, поради што дождовите влијаат позитивно. Кај некои доцни овошни сорти, како дуњите, јапонското јаболко и калинката, во тек е бербата на плодовите. Овошките имаат потреба од вода и по бербата, за да се кондиционираат, да презимат без оштетувања од ниски температури и да формираат квалитетни родни пупки за идната година. За постигнување висок и квалитетен принос, почвата мора да има доволно лесно достапна вода во текот на целата вегетација, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Додаваат дека е во тек и садењето на одделни градинарски култури, како и собирањето на преостанатите есенски плодови. 

УХМР

Може да ви се допадне

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се малку веројатни нови напади врз Иран
Европа годинава е на врвот во купувањето електрични возила
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
Денеска е Митровден – празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјата
Таг:есенскизаштитаземјоделцитепочвата
Претходен напис Европа годинава е на врвот во купувањето електрични возила
Следен напис Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се малку веројатни нови напади врз Иран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?