Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Важно за производителите што имаат земја под концесија: Најдоцна до 31 декември да достават извештај за начинот на користење на земјата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Важно за производителите што имаат земја под концесија: Најдоцна до 31 декември да достават извештај за начинот на користење на земјата
Растително производство

Важно за производителите што имаат земја под концесија: Најдоцна до 31 декември да достават извештај за начинот на користење на земјата

Објавено 01/11/2019
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почитувани земјоделци ве потсетуваме на вашата обврска најдоцна до 31 декември оваа година до Подрачната единица  на министерството за земјоделство  да го доставите извештајот за начинот на користење на земјоделското земјиште и исполнување на обврските од договорот за закуп.

Вака изгледа извештајот со бараните информации кои треба да ги внесете:

Во првата графа ќе запишете дека годишниот извештај се однесува за 2018 година, веднаш потоа во графата подоле го ставате вашето име и презиме.

Под број 3 каде што стои податоци за договорот за закуп треба да го ставете бројот на договорот кој сте го потпишале со МЗШВ за закуп на земјоделското земјиште и датата кога сте го направиле тоа.

Во графата за времетраење на договорот треба да стои за колкав период сте го закупиле земјиштето, 15, 30 години,точно како ви стои во договорот.

Во графа бр.4 треба да ставете на кој датум сте го доставиле овој документ до ПЕ на МЗШВ и задолжително да имате архивски број со кој се потврдува дека извештајот е доставен до надлежното министерство.

Во графа број 5 треба да ги ставите вашите основни податоци, име и презиме и датум на раѓање.

Во графа број 7 треба да ги внесете податоците за земјоделското земјиште односно локацијата каде се наоѓа на пример КО —  и КП бр.— .

Во графа број 9 имате податоци за план за есенска сеидба, овде треба да пополните колкава површина сте засадиле со есенска култура и кој вид, а истото се однесува и за пролетната сеидба.

Во графа број 10 се бараат податоци за потрошен семенски материјал  за есенска сеидба колку килограми по хектар  исто и за пролетна сеидба.

Во графа број 11 треба да ги внесете податоците за потрошеното ѓубриво за есенската сеидба, значи го запишувате видот на ѓубривото и која количина, истото важи и за пролетната сеидба.

Во графа број 12 треба да запишете податоци за потребната количина на средства за заштита на растенијата, тука се мисли дали сте користеле, фунгициди, хербициди и инсектициди, доколку сте користеле запишувајте која количина.

На крај во графа број 13 треба да запишете колку нафта имате искористено за производствениот процес за есенската сеидба а подоле и за пролетната сеидба.

Ова ве потсетуваме затоа што при контролата дали го користете земјоделското земјиште согласно договорот кој го имате склучено со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспектор за земјоделство ќе ви го побара документот за годишен извештај и вие мора истиот да го имате кај себе. Инспекторот по претходно доставена информација од ПЕ на МЗШВ излегува на терен и ги контролира сите физички и правни лица кои не ја завршиле оваа законска обврска а се евидентирани кај нив.

Во спротивно доколку  при  вршењето  на  инспекцискиот  надзор  овластениот  инспектор  утврди  дека  е сторена неправилност од членот 61 став 1 точки 1, 2 и 3 на овој закон по прв пат, инспекторот  е  должен  да  состави  записник  во  кој  ќе потенцира дека немате доставено годишен извештај и ќе ви укаже дека во рок од осум дена, и врачување на покана за спроведување на едукација бидејќи е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. Едукацијата ја организира и спроведува Државниот инспекторат за земјоделство во рок не подолг од 15 дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот надзор. Во тој случај инспекторот кој ве посетил и утврдил дека не сте доставиле извештај согласно законската обврска едукацијата ќе ви ја изврши во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство или пак во вашиот дом се разбира доколку има обезбедено минимум технички услови и согласност од ваша страна.

По извршената едукација доколку инспекторот при инспекцискиот надзор утврди дека сеуште не сте доставиле извештај а за кој претходно веќе сте биле едуцирани тогаш државниот инспектор превзема соодветни законски мерки. Во случајов според Член 60 од Законот за земјоделско земјиште глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице во случајов, земјоделскиот производител за прекршок од ставот 1 на овој член. Исто така казните се однесуваат и за правните лица кои земале земјиште под закуп а не доставиле годишни извештаи, или глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, согласно со членот 34 од овој закон и 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок за дејствијата од ставот 1 на овој член и на одговорното лице во правното лице.

Исто така се потсетуваат земјоделците на законската обврска дека за земјоделското земјиште во државна сопственост дадено под закуп, дека до 31 јули во тековната година се плаќа годишна закупнина за претходната година.  

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Согласно Договорот за концесија за рекреативна зона “Вардар – Скопска“ бр.33-2834/1 од Риболовната основа за „Вардар – средно течение“, ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје ги воведе следните забрани во 2026 година
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:31 декемвридзизаписникконцесијахектар
Претходен напис Договорно производство на сончоглед- успешно завршен проект кој годинава им донесе заработка на земјоделците
Следен напис Чернобил денес – модерни земјоделски фарми никнуваат во радиоaктивната зона
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?