Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Детален увид во процесите на увоз и извоз при купување преку интернет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Детален увид во процесите на увоз и извоз при купување преку интернет
Агровест

Детален увид во процесите на увоз и извоз при купување преку интернет

Објавено 30/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) преку платформата „eCommerce4All.mk” на едно место ги прикажува сите курирски компании во држава, каде транспарентно се прикажани ценовниците и можностите за испорака на пратки кои тие ги нудат, што, според денешното соопштение од АЕТМ, ќе доведе до зголемена конкурентност и транспарентност за локалните компании за е-трговија и крајните клиенти. Дополнително, преку овој модул, а во соработка со Царинската управа на Република Македонија, ќе овозможат детален увид во процесите на увоз и извоз при купување преку интернет.

-Се покажа дека оваа година беше клучна за поштенската индустрија која му ја покажа на светот својата флексибилност, упорност и непроценливата улога која ја игра во секое општество. Тоа беше дел од пораката за Светскиот ден на поштите, потенцирајќи ја важноста и пожртвуваноста на поштенските работници додека пандемијата и карантините беснееја низ целиот свет и истите работеа напорно за да ги достават поштенските пратки. Сведоци сме дека доставата е една од клучните алки во синџирот на е-трговијата. Не секоја од компаниите има развиено своја достава, па затоа и најчесто се користат курирски компании за достава на пратките, наведуваат од АЕТМ.

Царината, стои во соопштението, има клучна улога во прекуграничното движење на стоките и во прекуграничната е-трговија, бидејќи стоките што се предмет на извоз или увоз треба да бидат предмет на царинска контрола. – Како резултат на одличната соработка со Асоцијацијата за е-трговија, преку овој модул и промотицните видеа, Царинската управа треба да им помогне и да ги охрабри економските оператори, особено малите и средни претпријатија да се вклучат во прекуграничната е-трговија и да ги извезуваат нивните производи во странство, велат од Царинската управа.

Преку овој модул, како што велат од АЕТМ, сите е-трговци и е-потрошувачи на едноставен и интерактивен начин се информираат и запознаваат за понудата и можностите кои ги нудат курирските служби во нашата држава сѐ со цел правилно да одлучат и одберат кој ќе биде нивни партнер при испораката на производите кои онлајн ги продаваат.

-Асоцијацијата за е-трговија на Македонија преку интернет платформата „eCommerce4All” едуцира за безбедно и легално онлајн продавање и купување, подигнување на свеста и намалување на сивата економија, зголемување на конкурентноста на постоечките е-трговци и отворање на нови е-продавници со сопствено веб решение или како дел од локален е-пазар, додаваат од АЕТМ.

Веб платформата е дел од иницијативата „E-commerce for All”, која се реализира со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Конференција: Да се креира платформа за борба против корупцијата во која ќе се вклучат сите општествени чинители
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Таг:eCommerce4All.mkинтернетплатформаувидувоз-извоз
Претходен напис Ученици и земјоделци од Битола, Охрид и Македонски Брод се едуцираа за климатските промени
Следен напис Французите освоија прво место на натпреварот во дегустација на вино на слепо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?