Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Французите освоија прво место на натпреварот во дегустација на вино на слепо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Французите освоија прво место на натпреварот во дегустација на вино на слепо
Агровести

Французите освоија прво место на натпреварот во дегустација на вино на слепо

Објавено 30/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Францускиот тим составен од познавачи на виното, победи на Светскиот шампионат во слепа дегустација на вино, одржан во винаријата Chateau Smith Haut-Lafitte во Бордо. Ова е втора континуирана победа за французите на натпреварот, кој го организира влијателениот вински магазин оснван во 1927 година, „La Revue du Vin de France“.

– „Победниците се извонредни познавачи на вино. Психоаналитичарот Ерик Бордо,контролорите на лет Емануел Олив и Кристоф Беје, како и трговецот Франсоа Брето и нивниот тренер, пензионираниот наставник Венсан Мерсије, по втор пат дојдоа на натпреварот и тоа една година после својата голема победа и повторно триумфираа “– напишаа новинарите од списанието „La Revue du Vin de France“ и додаваат дека се горди на успехот на своите такмичар.  

– „Оваа победа илустрира голем напредок на француските дегустатори кои долго време заостануваа зад своите колеги од другите земји“ – се наведува во угледното списание.

Во финалето учествуваа и тимови од од Соединетите Американски држави и по прв пат имаше тим од Русија. На второ место се најде тимот од Кина, а на трето место Шпанија. Четирите вина кои беа дегустирани во финалето беа: шардоне од Нов Зеланд, пино ноар од САД, бордовскиот купаж од Франција и шојребе од Германија.

Натпреварот World Wine Tasting Championship (WWTC) за прв пат беше одржан во 2013 година во Белгија и од тогаш привлекува се поголемо внимание. Поените на натпреварот се доделуваат за точна идентификација на сортата, земјата и регионот на потекло, бербата и производителот. Натпреварот е интересен по тоа што ги привлекува и професионалните сомелиери и винските ентузијасти кои никогаш не сакале да се посветат професионално на оваа работа, туку на дегустацијата на вино му пристапуваат како на своевиден спорт со кој се занимаваат во слободното време.

Извор: Вино и фино

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:винонатпреварСомелиериФранција
Претходен напис Детален увид во процесите на увоз и извоз при купување преку интернет
Следен напис Најнови информации за времето: Продолжува сувото и стабилно време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?