Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ученици и земјоделци од Битола, Охрид и Македонски Брод се едуцираа за климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ученици и земјоделци од Битола, Охрид и Македонски Брод се едуцираа за климатските промени
Агровести

Ученици и земјоделци од Битола, Охрид и Македонски Брод се едуцираа за климатските промени

Објавено 30/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

– Низок степен на познавање на јавноста во Битола, Охрид и Македонски Брод за причините и последиците од климатските промени и недоволна афирмација и застапеност на климатските промени во наставните планови и вон наставните активности во основните училишта во овие градови, се дел од проблемите лоцирани за време на спроведувањето на проектот „Иднина за климата, одлучи и дејствувај“.

Проектот е реализиран во периодот од септември лани до октомври годинава и во него биле вклучени 50 проценти од учениците од основните училишта во Битола, Охрид и Македонски Брод и над 100 земјоделци од руралните места во овие општини.

Проектот го спроведуваше движењето за околината „Молика“ од Битола во соработка со еколошкото друштво „Треска“ од Македонски Брод и еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид.

Резултатите од проектот покажуваат и дека земјоделските производители немаат соодветни познавања за причините и последиците од климатските промени, како и за нивното фактичко или можно влијание. Одржани се и шест обуки во кои директно бил вклучени повеќе од 100 земјоделци на кои тие добиле прецизни насоки за тоа што треба да преземат и како да делуваат во насока на превенција, заштита и адаптација на климатските промени. Очекувањата на организаторот на проектот се дека индиректно, преку размена на информации, со едукацијата би биле опфатени меѓу 1000 до 3000 земјоделци.

– Со цел да ги пренесеме сознанијата од проектот на локалната самоуправа организиравме три средби со советници во општините во Битола, Охрид и Македонски Брод. Од средбите со советниците од ЕЛС во трите градови, произлегоа заклучоци и намера од советниците да иницираат и поддржат можности за обезбедување на локални финансиски средства наменети за активности кон намалување на негативните влијанија врз климата на локално ниво, велат организаторите.

Проектот е финансиски поддржан од ИПА програма за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 – „Да зборуваме за климатските промени“, Програма за мали грантови, спроведуван од Еко-свест, ЦНВП и ДЕМ.

Извор: Опсервер

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:земјоделциИПА програмаклиматски промениученици
Претходен напис Што е дигитално земјоделство?
Следен напис Детален увид во процесите на увоз и извоз при купување преку интернет
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?