Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Делчево365“: Повратникот Киро Гоцевски во село Нов Истевник ја отвори првата фарма за магариња во Источна Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > „Делчево365“: Повратникот Киро Гоцевски во село Нов Истевник ја отвори првата фарма за магариња во Источна Македонија
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОСточарско производство

„Делчево365“: Повратникот Киро Гоцевски во село Нов Истевник ја отвори првата фарма за магариња во Источна Македонија

Објавено 22/05/2020
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Идеите за отворање свој сопствен бизнис по враќањето од странство станува се почеста пракса за иселениците од Пијанечкиот регион. Еден од последните примери за тоа е Киро Гоцевски од делчевското село Нов Истевник. По 20 години работа во Швајцарија, тој решил да се врати во родниот крај и да ја реализира својата идеја која ја имал повеќе од 15 години. Отворил фарма за магариња, идеја која на прв поглед можеби за многумина звучи чудно, но само за оние кои не ја знаат вредноста на магарешкото млеко, кое поради неговите лековити својства е меѓу најбараните и најскапите производи во западните земји, пишува порталот Делчево 365.

Разговорот со Гоцевски го започнавме токму за неговата идеја за основање на неговата фарма во Нов Истевник.

-Јас сум Киро Гоцевски од село Нов Истевник и сум сопственик на фарма за магариња. Идејата ја имав уште пред 15-16 години, додека работев во Швајцарија создавав терен за овој бизнис, за кој имам околу 250 декари земја. Во Швајцарија претходно работев 20 години, но еден ден ми „пукна филмот“ и решив да развивам бизнис во Македонија, раскажува Гоцевски.

Моментално тој одгледува 43 магариња, од кои 41 женско магаре и две машки магариња. За нив се грижи лице од селото кое го вработил и негова обврска е одгледувањето вклучително и молзењето, додека Киро е задолжен за набавката за храна за магарињата.

-Магарето е тешко за чување, не е како кравите да ги пуштиш на едно место и таму да пасат. Магарето сега ќе го видиш овде, потоа онаму. Што се однесува до храна, набавувам од сите страни, земам буквално од секој кој сака да продаде. Досега за храна имам потрошено околу 2000 швајцарски франци, но во иднина планирам сам да ја прозиведувам, имам заградено земјиште од 4 хектари за таа намена, подготвувам и друго земјиште од 4 хектари, за бргу време ќе биде подготвено и тоа земјиште, со што планирам магарињата таму да ги пуштам на испаша, објаснува Гоцевски.

Вработеното лице ги пушта магарињата на испаша

Продажбата на млеко во време на корона, засега му оди тешко. Засега има три молзници, а според очекувањата следната година нивниот број би се зголемил.

-Сега со коронавирусот сме на нула, продажбата на млеко е ослабната, според мое мислење најмногу поради коронавирусот. Пред појавата на корона, имавме поголема побарувачка. Еве денес имав едни луѓе од Велес зедоа едно литро, исто така едни луѓе од Бигла рекоа ќе купат половина литро, наменето за луѓе во Облешево, но сепак тоа е далеку од очекувањата. Моментално имам три молзници, ама догодина во ова време очекувам едно 15 литри млеко на ден. Од тие три молзници што ги имаме, до јули месец чекаме да ни се „опулат“ (младо од магаре се вика пуле), уште 4-5 магарици, што значи дека со сегашниве 3, ќе имам вкупно 7 молзни магарици до крајот на јули, а тоа е негде три литри млеко на ден, додава делчевскиот иселеник од Нов Истевник.

Фармата на Гоцевски брои вкупно 43 магариња

Иако три литри млеко на ден изгледаат малку, сепак цената која на некои пазари во странство достигнува и до 80 евра по литар, кажува дека количината е сосем солидна за почеток.

-Цената на магарешкото млеко во странство е 50 евра замрзнато, додека свежо млеко достигнува цена до 80 евра. Ова е цена во Хрватска, мој колега кој требаше во март да биде мој гостин, по споменатата цена го продава млекото. Со него требаше да се сретнеме во месец март годинава, но поради коронавирусот, таа средба се одложи, додава Гоцевски.

Цената на магарешкото млеко не случајно е висока. Тоа според делчевскиот фармер се должи на широката палета на лековити својства кои ги има млекото.

-Магарешкото млеко е антибиотик и е лек за сите болести. Неговата лековитост е потврдена особено за астма, бронхитис и голем број на други болести. Имам продавано млеко на лице кое било оперирано од канцер и по консумирањето неговиот лекар се изненадил од особено дорбите резултати. Значи ако малку пребарате по интернет ќе видите дека млекото е лек за секакви болести, појаснува Гоцевски.

Цената на магарешко млеко солидна на европскиот пазар

Гоцевски е семеен човек, но поради тоа што долги години живеел во Швајцарија семејството му е таму, синот и ќерката на училиште, додека неговата сопруга се грижи за нив. Тој секој ден од Делчево доаѓа во селото и се грижи за фармата. Планира да ја прошири и да си подготви простор за живеачка и на имотот во селото. Исто така планот му е да го зголеми стадото со магариња. Моментално е преокупиран со регистрирање на домашните животни, за кои веќе обезбедил ветеринарен пасош.

-Магарињата ми се регистрирани кај ветеринарен доктор, сега правам пасоши за магарињата, но поради короната малку е во застој работата. Идејата е од 40 магариња да ги направам 140 магариња и да развијам поширок бизнис. Покрај продажба на млеко, планот е да почнам со производство на магарешко сирење, сапуни, креми…со еден збор бизнисот да се прошири на едно повисоко ниво, дециден е Гоцевски.

Имотот на Гоцевски

На крајот од разговорот со делчевскиот иселеник поразговаравме и за можностите кои овде државата им ги нуди на сите оние, кои не се плашат од работа.

-За да дадам апел до сите кои сакаат да работат повторно ќе се навратам на работата во Швајцарија. Таму бев околу 20 години и почнав да чувствувам дека не можам да ги работам тие тешките работи и си размислив, реков со тие некои пари што ги имам запечалено ќе си отворам сопствен бизнис, ако може да успее добро. Таму бев во близина на Лозана во францускиот дел, почнав со лозарство, па работев печатница, па потоа во фабрика за делови во медицината, за на крај да местам врати и прозорци. Мислам дека во Македонија може да се заработат пари, но со правилно насочување на бизнисот и со работа, оти без работа нема пари, додава на крај од разговорот делчевскиот фармер.

Освен на фармата Гоцевски е преокупиран и со одгледувањето сина слива која ја засадил на површина од 50 декари, но за неа како што рече, ќе зборуваме во некоја друга прилика. Дотогаш порачува да го контактирате и да ги почувствувате благодетите од магарешкото млеко произведено на неговата фарма во Нов Истевник.

Извор – Делчево365.мк

Може да ви се допадне

Хоџа на терен со земјоделците од Чашка и Велес: Руралниот развој се гради со луѓето кои живеат и работат на село
Магариња лекуваат пациенти со психички болести во психијатриска болница во Франција
Трипуновски на камен темелник на свињарска фарма
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Во Делчево бизнис форум „Заедно да подадеме рака на развојот“
Таг:грижаделчевомагарињаселофарма
Претходен напис Никогаш полоша година за одгледување на коскесто овошје во Шпанија?
Следен напис Како државата го штити родот на земјоделците од временски непогоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?