Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Никогаш полоша година за одгледување на коскесто овошје во Шпанија?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Никогаш полоша година за одгледување на коскесто овошје во Шпанија?
Растително производство

Никогаш полоша година за одгледување на коскесто овошје во Шпанија?

Објавено 22/05/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овогодишното производство на коскесто овошје како што се праски, нектарини, кајсии и сливи во Шпанија ќе се намали за најмалку 15%, а во најлоша ситуација е регионот Валенсија каде е загрозено 40 % од производството. 

Шпанија е водечка европска земја во произвдоството на овошје, особено кога се во прашање агрумите, но оваа година има големи проблеми. Имено според Одборот за коскесто овошје (FEPEX) кој е составен од здруженија на производители и трговци, овогодишното производство ќе се намали за најмалку 15 % во однос на претходната година.  

Пад на произвдоството

Намалување помеѓу 15 и 20% се очекува и во северните делови на Шпанија, како Арагон и Каталонија, иако бербата таму сеуште не е ни започната. Падот на производството во најголем дел е последица од намалување на површините кои во Каталонија и Екстремадура изнесува околу 2000 хектари.

Слична е ситуацијата и во остатокот на Европа, а пад се очекува и во Италија и Франција.

Регионот Валенсија е во најлоша ситуација

Производителите на коскесто овошје од шпанската покраина Валенсија се соочени со катастрофални резултати оваа година. Имено, тамошната задруга на земјоделски производители (AVA-ASAJA) предупредува дека 40 % од производилите на кајсии, праски, нектарини и сливи одлучи да ги откорни стеблата после бербата во јули и август со оглед на континуираниот недостаток на профитабилност.

Според статистиката на шпанското Министерство за земјдоелство, во тој регион на 10.272 хектари се наоѓаат насади од овој вид на овошје. Затоа, оваа задруга проценува дека ќе исчезне производството на околу 4000 хектари.

На ова веќе драстично намалување се додава уште 2000 хектари кои регионот ги изгуби во последните десетина години и 8000 хектари изгубени од 2002 година.

Поради климатските промени намалена е бербата за 20 %

Аграрната организација за новонастанатата ситуација, ги обвинува мркетингот, корона вирусот но и строгите стандарди кои ги наметнаа европските трговци. Според нивното мислење, уште еден одлучувачки фактор за лошата сезона на коскестото овошје се и климатските промени кои ја зафатија земјата во последните неколку месеци, а резултираа со намалување на бербата во Валенсија за повеќе од 20 %.  

Имено влиајнието на бурата Глорија во јануари и рекордниот број на дождливи денови во април, во комбинација со високите температури, се главните виновници за лошата берба на раните сорти.

Претседателот на AVA-ASAJA, Кристобал Агуадо, изјави дека „Состојбата со коскестото овошје во регионот на Валенсија е очајна. Што се однесува до профитабилноста, минатата година беше најлоша во последните 30 години, а ако оваа сеозна се заврши исто така лошо како што и започна, голем број производители ќе се откажат од произвдоството. Или на овоштарите ќе им се плаќа пристојна цена или нема да има производство“.

Исто така смета дека е лошо да се изгуби традиционалниот дел на шпанското земјоделство, и покрај тоа некои овоштари ќе се одлучат за садење на бадеми сепак тоа би можело да доведе до вишок на такво производство во иднина.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:коскесто овошјенамалено производство вошпанијаШпанија
Претходен напис (ВИДЕО) Инвестиции за кои ќе бидат искористени средствата од кредитот во висина од 50 милиони евра од Светска банка
Следен напис „Делчево365“: Повратникот Киро Гоцевски во село Нов Истевник ја отвори првата фарма за магариња во Источна Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?