Земјоделското производство е „фабрика на отворено“, но кога добро се менаџира и временските услови можат да се прилагодат на производството.
Последната мерка за намалување на штетите од град преку авионско засејување на облаците се покажа како исклучително важна и пресудна за сигурен и квалитен род од земјоделските култури.

Во комбинација со субвенционирањето на осигурителните полиси со 60% од вредноста на полисата, мерка која и натаму останува, можеме да кажеме дека заштитата на родот на земјоделците од страна на државата се покажа реална и вистинска.
Продолжуваме и натаму да се грижиме за вас земјоделци, да ве следиме во работата на терен и да реагираме со добри мерки кои ќе ви донесат сигурност во производството и поголем профит.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

