Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Далибор Дроздек: Како да одгледате калифорниски црви и со што и колку да ги храните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Далибор Дроздек: Како да одгледате калифорниски црви и со што и колку да ги храните
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Далибор Дроздек: Како да одгледате калифорниски црви и со што и колку да ги храните

Објавено 23/04/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во малото место Живик во општина Ориовац, сместено е стопанството „Дроздек“, познато по производство на калифорниски црви и Dendrobena veneta, како и квалитетен глистал, органско ѓубриво, кое го продаваат ширум Хрватска.

Од производство на зеленчук, открива Даниел Дроздек, се префрлиле кога сфатиле колку глисталот е баран, бидејќи се користи во сеидба и прихрана на земјоделски култури, винова лоза, маслинки, украсни растенија и цвеќе. Почнале со одгледување за сопствени потреби, а денес имаат околу 3,5 милиони од овие црви кои ги одгледуваат на површина од 90 метри квадратни.

Во пластеникот црви наместо зеленчук

Даниел вели дека идејата му дошла сосема случајно. Чувал зајаци и имал проблем за вишок арско ѓубриво, па се обратил до колегите. Купил кофа црви, а денес има сопствено производство. Имотот на кој ги одгледува го купил во 2006 година, а во 2015 формирал стопанство, во почетокот, како што вели, за одгледување зеленчук за кое бил наменет и пластеникот од 200 метри квадратни во кој сега чува – црви. Глисталот и неговите изведби – во гранули и течен, секогаш прво ги испробува во сопствената градина.

„Резултатите се феноменални и зеленчукот расте многу убаво. Прво го тестираме на нашиот зеленчук, а потоа го продаваме на купувачите“, вели овој млад земјоделец.

Продава и црви, како за производство на хумус така и за риболов во мали кутивчиња. Едно легло во просек има околу 50 илјади возрасни, а во него има и млади единки и јајца.

Како да ги одгледувате?

Ги ставате на подлога и после недела до две, кога ќе се населат, почнуваат со нејзина преработка. Потоа се додава храна, односно кога ќе дојде црвот до врвот на пет до десет сантиметри се додава компостирана биомаса или ѓубриво. Дроздек го користи арското ѓубре од коњ и компостираат растителни остатоци како старо сено, слама и слично.

Засега сè прават рачно, а објаснуваат и како и колку често ги хранат. Зависно од големината на леглото и масата со која се хранат, на пет до шест денови или недела, а ако јадат побавно тогаш им дава секои 15 до 20 дена. Од храната што ја добива, црвот скоро половината ја исфрла во форма на мали топчиња, кои содржат двојно повеќе органски состојки од арското ѓубре.

„Околу нив има многу работа, но имаат релаксирачко влијание и брзо дават видливи резултати“, вели Далибор.

За сопствени потреби доволно е да се купи мини легло и да се стави во простор од еден метар квадратен, објаснува. Во текот на целата година тие преработуваат кујнски отпад, меѓу кој најмногу го сакаат талогот од кафе и по потреба се дохрануваат. Потоа на пролет се трга горниот слој, се вади слојот под него и се дохранува градината, а црвите ги враќа на истото место каде што повторно почнува циклусот. Тие ги преработуваат штетните габи и бактерии, а со својата преработка на почвата ја проветруваат и ја неутрализираат PH вредноста.

Со глисталот не може да се претера

Лани направиле тест за да докажат дека со ова ѓубриво не може да се претера и дека црвите не можат да го изедат коренот на растението. Саделе краставици во вреќи во кои биле ставени глистал и црви, приносот бил многу добар, а исто и со пиперката.

„При садење на домати и пиперки доволно е една рака глистал и тоа е тоа“, вели Далибор.

Овој земјоделец сака одгледувалиштето да го прошири на 140 м2, за да живее од продажба, но ги научил и своите синови за екологија и соживот со природата. Затоа сопругата Јелена и тој не ја преиспитуваат својата одлука да засноваат семејство во село од само двеста жители, а горд е на фактот дека сè постигнал сам, без помош од фондови.

Извор:agroklub.com

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:глисталкалифорниски црви
Претходен напис Вратен во функција експлоатацискиот бунар за топла вода од системот „Геотерма“ во Кочани
Следен напис Белчишко Блато доби соодветна инфраструктура за негово приближување до посетителите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?