Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вратен во функција експлоатацискиот бунар за топла вода од системот „Геотерма“ во Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Вратен во функција експлоатацискиот бунар за топла вода од системот „Геотерма“ во Кочани
Агровест

Вратен во функција експлоатацискиот бунар за топла вода од системот „Геотерма“ во Кочани

Објавено 23/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
MIA
Сподели
Ad imageAd image

По неколкугодишен застој во работењето, вработените во комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани го вратија во функција бунарот за црпење топла вода од системот за експлоатација и реинјектирање на „Геотерма“. Спуштена е наменска потопна пумпа со јачина од 77 киловати, со што бунарот повторно ја вади топлата вода од геотермалното лежиште Подлог-Бања во Кочани.

За набавка на новата пумпа за експлотацискиот бунар инвестирани се над 5,7 милиони денари, што КЈП „Водовод“ ги обезбеди од сопствената сметка.

– Во моментот статичкото ниво на водата во бунарот изнесува 71,5 метри. Меѓутоа, поради падот на статичкото ниво на аквиферот и големото динамичко ниво на тој бунар, што изнесува 24 метри, новата пумпа е спуштена на длабочина од 110 метри. Со тоа се овозможува експлотација на 350 илјади кубни метри вода на годишно ниво со температура од 72 степени Целзиусови, истакна Андреј Киров, директор на „Водовод“.

Со изградбата на системот за експлоатација и реинјектирање во 2008 година се изведе топлоизменувачка конструкција со енергетска трансформација на геотермалната вода.. Еден кубен метар кубен топла вода заменува 5,4 кг мазут, што е значајна енергетска заштеда со целосен еколошки ефект, а се обезбедува и санација и баланс на геотермалниот потенцијал на самото лежиште.

Геотермалните води од системот „Геотерма“ во Кочани се користат за загревање на три јавни објекти, на оранжериските комплекси и на работните хали во приватни индустриски субјекти.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:геотермаКочани
Претходен напис Намалена потрошувачка – Во рибниците во Србија стравуваат што ќе прават со вишокот риба по завршување на постот
Следен напис Далибор Дроздек: Како да одгледате калифорниски црви и со што и колку да ги храните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?