Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Албанија на 15 октомври го отвора првото поглавје и се разделува од Северна Македонија на патот кон ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > Албанија на 15 октомври го отвора првото поглавје и се разделува од Северна Македонија на патот кон ЕУ
ЕУ

Албанија на 15 октомври го отвора првото поглавје и се разделува од Северна Македонија на патот кон ЕУ

Објавено 25/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија денеска во Брисел едногласно одлучија Албанија да ги продолжи преговорите за полноправно членство во ЕУ, објави вечерва Бугарското национално радио БНР.

Следната меѓувладина конференција ЕУ – Албанија треба да се случи на 15 октомври во Луксембург, кога е предвидено да се отвори првото поглавје – Темелни вредности.

Тоа, констатира БНР, во пракса значи одвојување на Албанија од Северна Македонија во процесот на пристапни преговори со Европската Унија. Двете држави во јули 2022 година ги одржаа првите меѓувладини конференции, по што го почнаа процесот на скрининг.

Во меѓувреме, Албанија беше блокирана од Грција поради притворањето на Фреди Белерис, етнички Грк, за предизборен поткуп, кој потоа беше избран за градоначалник на Химара, а албанските власти не му дозволуваа да положи заклетва. Белерис беше осуден на две години затвор, а на почетокот на септември беше ослободен откако одлежа две третини од казната. Тоа беше доволна причина за Грција да се согласи со продолжување на преговорите за членство на Албанија во ЕУ.

Како што јавуваат други бугарски медиуми, на состанокот на дневен ред воопшто не била ставена темата за продолжување на преговорите со Северна Македонија. Тоа е очекуван исход со оглед дека земјава не ги внесе Бугарите во Уставот, што според договореното од јули 2022 г. е услов за одржување на втора меѓувладина конференција.

Грција нотирала оти ги решила споровите со Албанија и затоа паднала одлуката да се продолжат преговорите со официјална Тирана.

Претставници на ЕУ многупати досега посочуваа дека Албанија и Северна Македонија се во ист пакет на својот европски пат, но тоа ќе се смени на 15 октомври.

360 степени

Може да ви се допадне

Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
ЕК одобри државна помош од 41 милион евра за грчките земјоделци
Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Европскиот Парламент одлучи веднаш да исплати 75% од директните плаќања
Франција и Италија постигнаа договор: Повеќе пари за Заедничката земјоделска политика
Таг:албанијаеуземјоделствокомисијасеверна македонијатирана
Претходен напис МАЗЗ на средба со европскиот комесар за земјоделство, Јануш Војчиеховски
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло, со температура до 31 степен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?