Претставници на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, на огромна чест и задоволство денес остварија работна средба со европскиот комесар за земјоделство г-дин Јануш Војчиеховски кој е дел од 18-от Годишен работен состанок на министрите за земјоделство од земјите од Југоисточна Европа. Евро-комесарот Војчиеховски ја презентираше земјоделската политика на Европската Унија посебно за земјите од регионот, предностите и можностите кои што се на располагање но исто така беше развиена и дискусија за надминување на одредени состојби и предизвици со кои се соочува македонското земјоделство.



