Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Создавањето на залихи на храна во ЕУ добива поголема важност: До 2021 година нов план
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Создавањето на залихи на храна во ЕУ добива поголема важност: До 2021 година нов план
Пазари

Создавањето на залихи на храна во ЕУ добива поголема важност: До 2021 година нов план

Објавено 03/06/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здравствената криза укажа на одредени ранливости во земјоделскиот и прехранбениот сектор во Европската унија, а со оглед на извонредно ниското ниво на залихи на храна, особено на  житарици, ЕУ одлучи да ја смени политиката за склaдирање на земјоделски производи.

– „Иако Европската унија секогаш се потпирала на залихите од странските пазари, сите сме сведоци дека таа, за време на епидемијата беше под знак прашалник.  Земјите како Казахстан, Грузија па дури и Романија одлучија да ги затворат своите извозни пазари со цел создавање на залихи за своето население“, изјави лидерот на истражувачкиот фонд и стратегија во земјоделството Фредерик Коурле.

За него е чудно тоа што  ЕУ секогаш добро  ги организирала залихите на плин и нафта за следните 90 дена, како количини што ќе ги задоволат потребите на сите земји челнки, додека за храната која е многу поголем приоритет, се расправа набрзина. Така, на пример житарици има  на залиха само за 43 дена. „ Да се споредиме со најголемите земји, на пример со Русија, каде  залихите на житарици се  околу 18%,  во Индија 23 %, во САД 25 % , а во Кина дури  75 %. Срамота е една ваква голема  Унија да има само 12 % залихи“, изјавил Фредерик Коурле.

До 2021 година нов план за сигурност на храната

Иако голем број земји од ЕУ,  можеби имаат и доволно залихи на житарици, како што  примерот со Франција, капацитетот за мелење и производство на брашно во Франција е многу мал и не е доволен за снабдување на целото население на оваа земја. Истото се случува и со  други членки на ЕУ. 

– „Некои ранливи земји побараа формирање на житни резерви за да се осигура континуитетот на националното снабдување со храна. Една третина од целокупното снабдување со пченица на пазарот подлежи на внимателни рестриктивни мерки на големите извозници  на чело со Русија, а одредени фази на нивните забрани во текот на епидемијата воглавно доведоа до голема загриженост на Европските земји “, потенцира Агенцијата за извозно осигурување, Coface, во својата анализа за меѓународна трговија.

Од Европската комисија и Извршна управа на ЕУ, порачаа дека ќе ја преиспитаат земјоделската криза во секоја држава членка. Комисијата исто така предложила и нов механизам, познат како Food crisis response (Одговор за прехранбената криза), а би биле вклучени сите држави членки на ЕУ.

Се очекува Извршната управа на ЕУ  до 2021 година да направи нов план за снабдување со храна во кризните ситуации, а како што предвидуваат многумина, таквите ситуации би  можеле да бидат се почести. Сепак начинот на кој ќе се спроведе тој план  сеуште не е потврден. 

Извор :Агроклуб

Може да ви се допадне

Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
Новиот европски план за ѓубрива: Поголема поддршка за земјоделците и развој на биолошки ѓубрива
Таг:еузалихи на хрананов планскладирање на храна
Претходен напис Следува продор на потопол воздух од југ, но и понатаму нестабилно време
Следен напис Европската комисија предупредува дека оваа година е зголемен ризикот од пожари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?