Од денес до петок претпладне, времето во државава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Во Скопје во текот на претпладнево ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 22 степени.
Утре атмосферата ќе биде постабилна, иако во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури пак поради продор на потопла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.
Во петок попладне и во вечерните часови повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, особено во западните предели а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Потоа за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски
