Поради сувото и топло време оваа година може да се очекува многу повеќе од просечниот број на шумски пожари во Европа, изјави во вторникот комесарот за кризни ситуации Јанез Ленарчич.
„Се очекува дека оваа сезона на пожари ќе биде над повеќегодишниот просек кога станува збор за бројот на пожари и запалени површини во Европа“, изјави Ленарчич на конференцијата за новинарите.
Исто така тој напоменува дека подрачјата во кои шумските пожари можат да се очекуваат не се веќе само во јужните делови на Европа туку и во средна и северна Европа.
Натпросечни температури во повеќе европски земји
Оваа пролет во повеќе европски земји забележани се натпросечни температури, поради што некаде веќе имаше пожари и со доаѓањето на летото ситуацијата дополнително би можела да се влоши.
Тие пари би требало да се искористат за купување на стратешка опрема во случај на вонредна здравствена ситуација, шумски пожари, хемиски, биолошки или радиолошки инциденти и други вонредни состојби.
Извор: index.hr
