Здравствената криза укажа на одредени ранливости во земјоделскиот и прехранбениот сектор во Европската унија, а со оглед на извонредно ниското ниво на залихи на храна, особено на житарици, ЕУ одлучи да ја смени политиката за склaдирање на земјоделски производи.
– „Иако Европската унија секогаш се потпирала на залихите од странските пазари, сите сме сведоци дека таа, за време на епидемијата беше под знак прашалник. Земјите како Казахстан, Грузија па дури и Романија одлучија да ги затворат своите извозни пазари со цел создавање на залихи за своето население“, изјави лидерот на истражувачкиот фонд и стратегија во земјоделството Фредерик Коурле.

За него е чудно тоа што ЕУ секогаш добро ги организирала залихите на плин и нафта за следните 90 дена, како количини што ќе ги задоволат потребите на сите земји челнки, додека за храната која е многу поголем приоритет, се расправа набрзина. Така, на пример житарици има на залиха само за 43 дена. „ Да се споредиме со најголемите земји, на пример со Русија, каде залихите на житарици се околу 18%, во Индија 23 %, во САД 25 % , а во Кина дури 75 %. Срамота е една ваква голема Унија да има само 12 % залихи“, изјавил Фредерик Коурле.
До 2021 година нов план за сигурност на храната
Иако голем број земји од ЕУ, можеби имаат и доволно залихи на житарици, како што примерот со Франција, капацитетот за мелење и производство на брашно во Франција е многу мал и не е доволен за снабдување на целото население на оваа земја. Истото се случува и со други членки на ЕУ.
– „Некои ранливи земји побараа формирање на житни резерви за да се осигура континуитетот на националното снабдување со храна. Една третина од целокупното снабдување со пченица на пазарот подлежи на внимателни рестриктивни мерки на големите извозници на чело со Русија, а одредени фази на нивните забрани во текот на епидемијата воглавно доведоа до голема загриженост на Европските земји “, потенцира Агенцијата за извозно осигурување, Coface, во својата анализа за меѓународна трговија.

Од Европската комисија и Извршна управа на ЕУ, порачаа дека ќе ја преиспитаат земјоделската криза во секоја држава членка. Комисијата исто така предложила и нов механизам, познат како Food crisis response (Одговор за прехранбената криза), а би биле вклучени сите држави членки на ЕУ.
Се очекува Извршната управа на ЕУ до 2021 година да направи нов план за снабдување со храна во кризните ситуации, а како што предвидуваат многумина, таквите ситуации би можеле да бидат се почести. Сепак начинот на кој ќе се спроведе тој план сеуште не е потврден.
Извор :Агроклуб
