Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Предлог бизнис ПЧЕЛАРСТВО: Како да започнете, колкава инвестиција е потребна и колку се заработува
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Предлог бизнис ПЧЕЛАРСТВО: Како да започнете, колкава инвестиција е потребна и колку се заработува
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Предлог бизнис ПЧЕЛАРСТВО: Како да започнете, колкава инвестиција е потребна и колку се заработува

Објавено 27/04/2020
Сподели
13 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пчеларството кај нас во послeдниве неколку години стана популарен семеен бизнис од кој може да се егизстира но и да се заработи.

Доколку сте размислувалe да започнете да се занимавате со пчеларство, еве неколку корисни совети што треба да ги знаете околу одгледувањето на пчели и колку пари треба да вложите за почеток.

Основен предуслов за еден човек да започне да се занимава со пчеларство е тој да има огромна желба и љубов кон овој благорододен бизнис. Пчелите се живи суштества кои бараат грижа и нега и најчесто тие стануваат дел од семејството на пчеларот. Секој иден пчелар треба да знае дека во годината има и такви периоди кога пчелите бараат 24 часа на ден да се биде со нив.

Колку пчелни семејства се потребни за да може да се обезбеди една просечна плата?

Пчеларите често знаат да кажат дека пчеларникот претставува вистински рудник од кој можат да се добијат повеќе производи. Покрај медот како основен производ, тука се и поленот, прополисот, матичниот млеч, пчелиниот отров, перга, млади пчелни семејства-роеви и т.н. Затоа пред да се започне со пчеларството потребно е да се има јасен бизнис план за работа, бидејќи тој план е предуслов за успех.

Токму овој план ќе му биде водич на пчеларот кон колкав број на пчелни семејства ќе се стреми за да има економска исплатливост, односно за да обезбеди една просечна плата. Секако мора да се напомене, дека е невозможно еден почетник пчелар веднаш да набави голем број пчелни сандаци односно пчелни семејства. Прво мора на сите идни пчелари  да им е јасно дека не може да се започне бизнис со пчели од првата година. Првите 2-3 години мора да бидат период за запознавање на младиот пчелар со пчелите.

Најобро е пчеларот да  започне  со 5 пчелни семејства.

Според тоа што едно зимно пчелно семејство кај нас  чини  3. 000 денари, потоа тука треба да се искалкулира и набавката  и нови пчелни  сандаци кои чинат исто така околу 3. 000 илјади денари за еден сандук , може да се пресмета дека:

 Претежно кај нас едно зимено пчелно семејство кошта од 5. 000 до 6.000 денари, плус поготовка на нови сандаци по 5.000 илјади денари за еден сандак и треба да го има почетниот пакет за пчелари униформа, димилица, нож, четка и центрифуга кој заедно фаќат негде до 30. 000 денари.

Важно е да се знае дека првата година пчеларот треба да се  запознае со пчелите, а втората година постепено да го зголеми бројот и зголемувањето треба да заврши во третата година.

Дури потоа  треба да се зборува за вистински бизнис, односно пчеларот ќе одлучи  дали ќе продолжи да му биде  хоби или пчеларството ќе го претвори во бизнис.

Очекуван принос и заработка

Во минатото една кошница во просек давала 40 до 50 килограми мед годишно, но во последните години  климатските промени , индустријата и примената на пестициди во земјоделството, приднесоа приносот речиси сега да е преполовен. Затоа ако пчеларот планира извор на финансии да му биде претежно продажбата на мед тој треба да има најмалку 40 до 50 пчелни сандаци.

Пример : 50 пчелни сандаци x 20 кг/ мед =  1. 000 килограми мед годишно,

Ако се земе во предвид дека 1 килограм мед кај нас се продава просек по 7 евра тогаш:

1000 килограми x 7 евра = 7. 000 евра годишно

Што значи пчеларот би обезбедил една просечна плата месечно и би можел да ги покрие основните трошоци што ги има пчеларството.

Каде треба да се постави пчеларникот и кои основни алати и опрема треба да ги обезбеди пчеларот почетник?

Местоположбата на пчеларникот е пресудна за успешен бизнис. Неопходно е пчеларот да обезбеди соодветно место каде што ќе го смести пчеларникот. Бидејќи пчеларството е една специфична гранка на земјоделството, треба да се знае дека кога се одгледуваат пчели треба да се имплементира т.н „ Добра пчеларска практика„.Тоа подразбира:

-Пчеларникот да е лоциран во чиста што е можно помалку загадена средина, оддалечена од индустриски објекти

-Пчеларникот не треба да биде лоциран во близина на густо населени и фрекфентни места.

-Во пчеларникот треба да се одржува хигиената и истиот не смее да претставува опасност за околината.

 – Се препорачува во близина на пчеларникот да има чиста и свежа вода.

Исто така пчеларот почетник за да може непречено да се грижи за пчелите треба да ја обезбеди и следната неопходната опрема

Заштитна пчеларска опрема која содржи капа, мантил или скафандер, и ракавици.

 Чадалка, четка , пчеларски нож, капалка за вода

 Куферче за ситниот алат и прибор

 Бележник или картон за евиденција

Оваа опрема лесно може да се набави во добро снабдените продавници за земјоделска опрема.

Tреба да се нагласи дека кога се поставува пчеларникот треба да се внимава во негова близина да има насади од медоносни растенија. Такви растенија се на пример багремот која е една од главните паши за пчелите во источниот и средниот дел на нашата земја. Потоа питомиот костен, липата, бела детелина, а изобилство од полен имаат и глуварчето и маслодајната репка. Во близина на своите пчеларници често пати пчеларите одгледуваат и пчелинок или лимонова трева чија миризба пчелите многу ја сакаат. Погодна паша за пчелите може да биде и мајчината душица, цветот на капинката, врбата, леската и други.

Кои болести се најчести кај пчелите и како пчеларите да се справат со нив?

Најчести болести  во нашето поднебје кај пчелите се вароа и ноземоза кои всушност се  и најголемите штетници во пчеларникот. За третирање на овие болести има неколку лекови на нашиот пазар и тоа  лекови на база на хемија и лекови на природна база, а што ќе се користи  зависи исклучиво од  пчеларот  дали  тој ќе сака да користи конвенционални или органски препарати.  Ако разговарате со искусни печелари тие ќе ви кажат дека, како што пчеларот ја  чувствува болеста кај  себе така и ќе ја чуствува и болестата кај пчелите што ги одгледува.

  Субвенциите за пчели

Кај нас субвенциите за одгледување на пчели  се различни во зависнот од бројот на пчелни семејства и тоа:

 Од 10 до 49 пчелни семејства , изнесуваат  600 денари за пчелно семејство

Од 50 до 100 пчелни семејства – 800 денари за пчелно семејство

Од 100  пчелни семејства па нагоре, исто така е  е 600 денари по пчелно семејство.

Доколку се одлучите за  органско сертифицирано пчеларење тогаш  се исплаќаат дополнители 200 денари за едно пчелно семејство.

ОСИГУРУВАЊЕ – СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР

Земјоделското осигурување е важна мерка доколку сакате сериозно да се занимавате со некој агробизнис и да бидете сигурни во производството, а тука секако спаѓа и пчеларството. Токму затоа и Владата на РСМ има мерка со која на земјоделците им субвенционира 60% од осигурителната полиса со што значително се намалува трошокот за осигурувањето.

За подетални информации околу условите за  осигурување на пчелни семејстава можете да се обратите  во СН осигурителен брокер  и тоа кај  овластениот брокер за тоа

– Александара Кулевска 078 237 529 емаил:[email protected]

Дали треба да се биде регистриран земјоделец за да се започне со одгледување на пчели?

Ако пчеларот има повеќе од 10 пчелни семејства треба да биде евидентиран во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Исто така треба пчелното одгледувалиште да го пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство. Со самата регистрација тој добива право на субвениции но исто така и право за да аплицира за мерки како „Млад земјоделец“ и други национални и ИПАРД фондови предвидени за рурален развој. Секако треба да се напомене дека и правни лица можат да се занимавааат со пчеларство.

Ова  се само основните работи  што пчеларите почетници треба да ги знаат. За сите оние кои ќе продолжат да се занимаваат сериозно и кои сакаат од пчеларството да направат сопствен бизнис треба секој ден да учат по нешто. Пчеларите почетници  мора да има сопствен ментор од кој ќе ги научат првите чекори во пчеларството или некој со кој ќе се советуваат, инаку  грешките  можат скапо да ги чинат. Добро би било да се зачленат во некое здружение на пчелари каде секојдневно ќе контактираат со луѓе од оваа област.

Исто така постои и литература која може да се купи и кај нас. Информации можат да се најдат  и одредени интернет страни или платформи  специјализирани за пчеларството каде што добро се објаснети  разни методи за пчеларење но пред да се примени било која од нив мора прво да се консултираат  поискусни локални  пчелари. Некоја метода ако е успешна во друга држава кај нас може да доведе до загуби бидејќи секое подрачје има свои  специфики во однос на некои детали кој се важни во однос на успешно пчеларење.

Пласман на медот

Правилникот за продажба од куќен праг овозможува развој на малите семејни фарми.

Новиот Правилник за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, меѓу фармерите, попознат како Правилник за продажба од куќен праг почна да се применува од септември 2019 година.

Станува збор за многу важен подзаконски акт кој директно дава решение за продажба на производи од животинско потекло и има за цел олеснување на продажбата на производи од животинско потекло односно фармерите да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да задоволат одредени хигиенски критериуми.

– Новиот правилник овозможува развој на малите семејни фарми или фирми, шанса за развој на руралните средини и руралниот туризам како и можност традиционалните производи да се најдат на менито на локалните ресторани и пошироко без да биде загрозена безбедноста на конзументите. Со правилникот малите семејни фирми или фарми ќе може своите производи да ги продават од праг или директно во локалните малопродажни објекти, со што ќе ги избегнат трговците и нивните уцени – изјави Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Со Правилникот се регулира и олеснува ставањето во промет на мали количини производи кои ги произведуваат фармерите, без да се нарушува или доведува во прашање безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите.

Правилникот дава можност примарните производители на мед сега да го пласираат производот на целата територија на државата. Производите согласно овој правилник треба да бидат означени, односно да ги содржат основните информации за поеклото, производителот, рокот и начинот на чување, со цел да се воспостави лесна следливост на производите.

Предлог бизнисот ПЧЕЛАРСТВО го работевме во соработка со пчеларот Дритон Дикена кој е претседател на земјоделското здружение „Градот на пчелите“ од Тетово.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Пчеларите од Вешала , чувари на традиционалното пчеларство и биодиверзитетот на Шар Планина
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
АФПЗРР: Исплатени субвенции за ПЧЕЛАРСТВО!
СУБВЕНЦИИ 2026: Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство
Таг:Почетници пчеларипчеларствопчелиСовети за пчеларство
Претходен напис (ВИДЕО) Важни совети за одгледување на домати на отворено
Следен напис МЗШВ: Со интервентна мерка ќе се покријат загубите на производителите на зелка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?