Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Атанасов: Правилникот за продажба од куќен праг овозможува развој на малите семејни фарми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Атанасов: Правилникот за продажба од куќен праг овозможува развој на малите семејни фарми
Сточарско производство

Атанасов: Правилникот за продажба од куќен праг овозможува развој на малите семејни фарми

Објавено 29/02/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новиот Правилник за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, меѓу фармерите, попознат како Правилник за продажба од куќен праг почна да се применува од септември 2019 година.

Станува збор за многу важен подзаконски акт кој директно дава решение за продажба на производи од животинско потекло и има за цел олеснување на продажбата на производи од животинско потекло односно фармерите да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да задоволат одредени хигиенски критериуми.

– Новиот правилник овозможува развој на малите семејни фарми или фирми, шанса за развој на руралните средини и руралниот туризам како и можност традиционалните производи да се најдат на менито на локалните ресторани и пошироко без да биде загрозена безбедноста на конзументите. Со правилникот малите семејни фирми или фарми ќе може своите производи да ги продават од праг или директно во локалните малопродажни објекти, со што ќе ги избегнат трговците и нивните уцени – изјави Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Со Правилникот се регулира и олеснува ставањето во промет на мали количини производи кои ги произведуваат фармерите, без да се нарушува или доведува во прашање безбедноста на храната и заштитата на здравјето на потрошувачите.

Деталното регулирање на ставањето во промет на мали количини производи од животинско потекло како што се месото, млекото и нивните преработки, конзумните јајца и рибата се основа и поддршка и развој на малите производители на храна од животинско потекло, за развој на некои недоволно развиени призводствени региони во земјава и за зачувување на традиционалниот начин на производство на одредени производи. 

Новина е тоа што со овој Правилник се овозможува  продажба на млекото преку млекомати, за што, производителите ќе треба да ги исполнат највисоките критериуми за безбедност и квалитет. За колење на животните директно на фарма производителите ќе можат да користат услуга од мобилни кланици кои ќе треба да бидат одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Правилникот дава можност примарните производители на мед сега да го пласираат производот на целата територија на државата. Производите согласно овој правилник треба да бидат означени, односно да ги содржат основните информации за потеклото, производителот, рокот и начинот на чување, со цел да се воспостави лесна следливост на производите.

Може да ви се допадне

Меѓународна работилница за ароми во храна и пијалаци на Земјоделскиот факултет при УГД-Штип
АФПЗРР: Потпишан меморандум за соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна
Црвена етикета за „лажните млечни производи“
Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
ФАО предупредува: Можно глобално поскапување на храната поради Ормуската Теснина
Таг:документправилниксточарски производихрана
Претходен напис Со поддршка од Програмата за рурален развој Волково ќе добие современ кружен тек и нов пат до Кучково
Следен напис На располагање 9,2 милиони евра од ИПАРД 2, мерка 1„ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?