Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нуредин Исмани: Не знам за светот, но јас не можам да го замислам животот без пчела околу мене
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Нуредин Исмани: Не знам за светот, но јас не можам да го замислам животот без пчела околу мене
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Нуредин Исмани: Не знам за светот, но јас не можам да го замислам животот без пчела околу мене

Објавено 01/04/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нуредин Исмани е пчелар од Тетовско. Започнал со две пчелни семејства, многу љубов, работа и со нови сознанија сега има 400 пчелни сандаци, освоени награди и медаљи за квалитет на медот и обезбедена егзистенција за своето семејство.

Во една реченица ова е описот за нашиот соговорник, одличен раскажувач, професионалец, вљубеник во својата работа и пчелар за пример.

-Долги години се занимавам со пчеларство. Од минатиот век, 1996 година. Тогаш работев во фабрика, одев во смени и така имав слободни денови. Долго време размислував со што да почнам да се занимавам, па решив да земам неколку пчелни семејства за почеток. Земав само две кошници. Го памтам тој ден и денес, беше петок 13 октомври. И ден денес го славиме како роденден на пчелите во нашето семејство. Пчелата е многу благородна па ја имаа таа магија што брзо почнуваш да ја сакаш. И од тогаш сме неразделени. Фамилијарно немаме некоја традиција во негување пчели, јас прв почнав и многу сум среќен што моите деца ја имат наследено таа љубов кон пчелите. Денес тоа ни е единствен фамиларен бизнис од кој живеме, работиме сите од сопруга до деца. Тие 400 пчелни семејства се дел од нашиот секојдневен живот. Не знам колку бил во право Ајштајн кога рекол дека ако пчелата умре, ќе згасне и светот за 4 години. Јас не знам за светот, но за мене да, јас не можам веќе да го замислам животот без пчела околку мене – вака ја започна својата приказна Исмани.

Пчеларникот на Нуреден Исмани има име A&M и се наоѓа во село Одри, Тетовско во прекрасна природа и вегетација што ја сакаат пчелите.

– Дој дел од природата има доста вегетација што ја сакат пчелите, затоа и напредуват. Многу е битен во развој на пчеларникот е местоположбата. Треба да има богата паша и вода. Одри ги исполнува овие услови. Пролета е време кога природата повтороно се раѓа, се буди од зимскиот сон. Со будење на природата се будат и пчелите па ова е време на многу работа, труд, негување, и поготвување на пчелата за главна паша што кај нас има две такви моменти. Кога цути багремот зааедно со ливадата и кога цути костенот заедно со липата и другите медоносни растенија. Како ќе ти биде пролета, така ќе биде и годината. Ако сега на пролет ги поготвуваш пчелите како што треба, тогаш ќе имаш и медоноста година. Сепак ова многу зависи од климатските услови но секако ние мора се да правиме и да мислиме позитивно. Пчелите се многу убави суштества. Една од работите што најмногу им се восхитувам е нивната неуморна работна етика. Тие буквално започнуваат да работат од првиот ден и работат сè додека нивните крилја не испаднат – вели Исмани.

Кога зборува за пчеларството, Исмани не пропушта да каже од каде таа љубов кон пчелите и на кого му должи за прекрасните мигови во пчеларникот.

– Јас сум среќен што мојот прв ментор ми беше Реџеп Селмани. Извореден човек, професионалец во однос на пчеларството и ми даде добри патокази низ кој јас и ден денес чекорам. Со тек на години ние учиме од многу извори но сепак многу е важен првиот ментор кој ти ја всади првата љубов кон пчелата. За тоа сум многу благодарен

Како секоја професија и пчеларството е жива материја затоа што имаш работа со живи суштества, па така секој ден има нови методи, нови научни трудови кој зборуваат за нови начини на пчеларење и така ќе биде до крај. Кај нас во разлика од многу поразвиени држави има уште многу да се работи, но секако не сме на дното, и кај нас има доста напредувано – вели Исмани.

Во врска со субвенциите и другите мерки од Владата кои се наменети за развој на оваа сточарска гранка, Исмани вели дека секоја поддршка е добредојдена но мора да постои стратегија за развој.

-Да, субвенците се добра инфузија за секој пчелар и многу е битно овие да стигнуват во првите месеци на годината јануари или фебруари. Тогаш се прават планови што со пчеларството, затоа ако пчеларите овие пари ги имат во погодено време, многу повеќе ќе имаше успех. Владата последните години има имплементирано многу развојни мерки во однос на земјоделството, но понекогаш условите што ги предвидуват се тешки за да ги исполнат пчеларите затоа што пчелите се многу специфични. Јас го подржувам овој елан на министерството но секако треба многу повеќе да комуницира со нас за условите препишани во мерките да се во корелација со нашите потреби – посочува Исмани.

Што би им препорачале на другите, дали да се занимваат со пчеларство?

-Им пропорачувам на сите да се занимават со пчеларството но пред тоа да започнат со овој бизнис, добро да се размислат. Сепак пчелите се живи и нивниот живот зависи ние како ќе се однесуваме спрема нив. Од лубител на пчелите многу брзо можеш да се претвориш во убиец на пчели. Затоа секој што сака да се занимава со пчеларство треба да знаат дека тие барат многу внимание, труд, време и пари пред да станат бизнис со кој можеш да егзистираш или да заработиш – вели за Агротим, Нуредин Исмани, пчелар од љубов.

Може да ви се допадне

Турција со историски рекорд во земјоделството
„Ден на ИФЦ“ во Скопје и панел дискусии за енергетска транзиција и извозно ориентирано производство
Јадете го слободно: Цветот од багрем и храни и лекува
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Таг:заработкаковидмедпроизводствопчелар
Претходен напис Во време на епидемија словенечките земјоделци продаваат овошје и зеленчук преку интернет
Следен напис ФАРМА КИТКА: Од сабота почнуваме со продажба на сезона пролет/лето 2020
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?