Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледувачите на БАДЕМИ и ЛЕШНИЦИ реагираат на 50% намалени субвенции за 2025, споредено со лани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одгледувачите на БАДЕМИ и ЛЕШНИЦИ реагираат на 50% намалени субвенции за 2025, споредено со лани
Агровести

Одгледувачите на БАДЕМИ и ЛЕШНИЦИ реагираат на 50% намалени субвенции за 2025, споредено со лани

Објавено 20/02/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата ја донесе програмата за финансиска поддршка на земјоделството според која за насади со лешници и бадеми се предвидени субвенции во висина од 12 000 денари по хектар.

На намалените субвенции од минатата година, реагираат производителите на бадем и лешник нагласувајќи дека ова е погрешна одлука која негативно ќе влијаа врз развојот на ова производство на државно ниво.

– Со намалување на субвенциите очекуваме земјоделците да бидат демотивирани да ги одржуваат насадите и да подигаат нови. Во голем дел од регионите земјоделците користат земја која е под закуп па сега со субвенциите нема да бидат во можност ни да си ја платат закупнината, бидејќи субвенциите до сега беа некоја сигурност, каква и да е годината, закупот ќе се плати. Нема да се изгуби инвестицијата. На пример во Валандово цена за закуп по хектар е 22.000 денари, а субвенции за бадем се 12.000 денари. Дополнително на тоа се зголемените цени за заштита на насадите и плати за вработени. во последните неколку години некулку кратно. Исто така голем проблем е и зголемувањето на цената на водата која во некој региони каде што ја има е 7 пати зголемена – изјави Горан Балески – претседател на „Прва Органска Задруга“.

На ист став се и производителите од Задругата Еко лешник кои потенцираат дека освен што се извезува бадемот и лешникот како јатки, на странските пазари се извезуваат и преработки односно готов производ со додадена вредност.

-Бадемот и Лешникот се важни за нашата земја бидејќи голем дел се извезува на странски пазари како Австрија и Швајцарија каде извезуваме јатка и преработки што значи готов производ и зголемена вработливост, односно готови производи со додадена вредност – путери од лешник, путери од бадем, пакувани вакумирани производи и така натаму. По начинот на одгледување и трошоците по хектар за одгледување и профитабилноста бадемот и лешникот треба да се во групата со кајсија, вишна и круша кои се субвенционираат со 34 000 денари од хектар – децидни се производителите.

Во Македонија моментално има 2 255 хектари лешник со просечна берба од 2 до 4 тони коска по хектар и цена од 180-190 денари зависно од квалитерт, 576 хектари бадем со просечна берба од 1.5 до 2.5 тони коска по хектар и просечна цена од 130 до 160 денари.

Намалувањето на висината на субвенциите, според овоштарите директно ќе влијае на развојот на оваа гранка што е крајно негативно за вкупното домашно производство на бадем и лешник, извозот и остварувањето на девизен прилив за државата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бадемилешницисубвенции
Претходен напис Првите леи веќе се подговени: Бајрам Лековиќ годинава ќе сади тутун на 1 ха, дупло повеќе од лани
Следен напис АПРЗ со директни инфо средби со пелагониските земјоделци за програмата ИПАРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?