Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенции во ОВОШТАРСТВОТО за 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на субвенции во ОВОШТАРСТВОТО за 2025 година
Субвенции

Висина на субвенции во ОВОШТАРСТВОТО за 2025 година

Објавено 09/02/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Висина на субвенции за одржување на постоечки овошни насади во 2025 година

Подмерка 1.6 – Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха одржувана површина со постоечки овошни насади збирно за следните овошни видови: јаболка, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина, боровинка, дуња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем, лешник, орев и питом костен и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

– Висината на поддршката за јаболко изнесува 42.000 денари на хектар

– Висината на поддршката за слива, цреша и праска изнесува 37.000 денари на хектар;

– Висината на поддршката за вишна, кајсија и круша изнесува 34.000 денари на хектар;

– Висината на поддршката за јапонско јаболко, и калинка изнесува 25.000 денари на хектар;

– Висината на поддршката за лешник, орев, бадем, јагода на отворено, малина, капина боровинка, дуња, мушмила, актинидија, маслинка, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери и питом костен изнесува 12.000 денари на хектар и

-Висината на поддршката од алинеите 3, 4, 5, 6 и 7 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 5 ха 100%, од 5,1 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30%.

Крајниот рок за поднесување на барање за подмерка 1.6. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.3. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети е до 31 мај 2025 година.

Подмерка 1.7 – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.6 за овошје предадено во преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи во 2025 година

-Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболко, праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и се корисници на подмерката 1.6. од оваа уредба и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

-Оствареното производство на праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка да е предадено во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2024 година до 25 декември 2025 година, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи-овошје;

-Оствареното производство на јаболко да е предадено во преработувачки капацитет или кај регистриан откупувач директно или преку еден регистриран откупувач за период од 15 август 2024 година до 31 јануари 2025 година, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи-овошје;

– Висината на поддршката за културите од алинеја 2 од оваа подмерка изнесува 3 денари по килограм за сите овошни култури освен за малина каде поддршката изнесува 5 денари по килограм и – Висината на поддршката за јаболко изнесува 2 денари по килограм.

Крајниот рок за поднесување на барање за подмерка 1.7 – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.6. за овошје предадено во преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи е до 25 декември 2025 година.

Извор: Службен весник број 26 од 6.02.2025 година

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:јаболкоовошни културисубвенции
Претходен напис СУБВЕНЦИИ за 2025 година за купени и посадени лозови или овошни САДНИЦИ од домашно производство
Следен напис Висина на СУБВЕНЦИИ за земјоделски стопанства кои одгледуваат ГОВЕДА
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?