Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АПРЗ со директни инфо средби со пелагониските земјоделци за програмата ИПАРД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АПРЗ со директни инфо средби со пелагониските земјоделци за програмата ИПАРД
Агровести

АПРЗ со директни инфо средби со пелагониските земјоделци за програмата ИПАРД

Објавено 20/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) со седиште во Битола, денеска почна јавна кампања со која земјоделците пд пелагонискиот регион ги информира за можностите што ги нуди програмата ИПАРД.

Информативната кампања е со цел да им се овозможи запознавање на земјоделците за тековниот јавен повик од програмата ИПАРД, мерка-1, истакна Пеце Стојковски, директор на АПРЗ.

-Со овој повик сакаме да се зголеми конкурентноста на нaшето земјоделство и да се постигнат стандардите на Европската унија. На овие информативни средби земјоделците ги запознаваме со можноста за финансирање, колкава е можноста за поврат на средства од вкупната инвестиција што ја оствариле, и притоа земјоделците може да добијат поврат на средства до 75 проценти во зависност од тоа дали се млади земјоделци или инвестираат во планински подрачја, каде повратот на средства е 60 насто, посочи Стојковски.

Во изјава за медиумите, Стојковски нагласи дека преку програмата ИПАРД може да аплицираат за набавка на механизација, но и за материјали за обновливи извори на енергија.

-Земјоделците ги информираме за тоа кој може да аплицира, во што може да инвестираат и притоа може да инвестираат во материјали за основни средства, потоа набавка на трактори, механизација, приклучна механизација и друго. Програмата ги опфаќа секторот растително производство во кој се житните култури, секторот сточарство, говедарство, свињарство, живинарство, овчарство, потоа секторот рибарство. Важно е да се истакне, рече Стојковски, дека со оваа програма може да се инвестира и во енергија за обновливи извори што ќе ја користат за сопствено производство. Земјоделците може да набават материјали за енергија што се добива од сонцето, ветерот, биомаса и други материјали за обновлива енергија.

Јавната информативна кампања денеска се одржа со земјоделците од општините Новаци и Могила, и ќе продолжи, посочија од државната Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:апрзземјоделциИПАРДсубвенции
Претходен напис Одгледувачите на БАДЕМИ и ЛЕШНИЦИ реагираат на 50% намалени субвенции за 2025, споредено со лани
Следен напис Семејната оаза на актерот Ненад Јездиќ, неговата ракија стигна до Азија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?