Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Агровести

Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард

Објавено 17/10/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард. Ова е целта на комората, порачува Азески во интервју за „Економија и Бизнис“. 

Ние постоиме за фирмите, за членките на Стопанската комора. Тие имаат потреби, ние ги следиме, се прилагодуваме на новите текови на работење и излагаме во пресрет, бизнисот да ја врши својата функција. Ако не го следиш трендот, излегуваш од игра. Тоа не е ново правило. Живееме во 21 век, во ера на дигитализација, на вештачка интелигенција, тоа ги влече процесите да се движат со многу голема брзина. А тоа е истата патека по која чекори и бизнисот. Не случајно добиваме меѓународни награди во континуитет.

– Нашата визија е да имаме што поголем број конкурентни членки кои што ќе работат глобално. Комората работи во таа насока и со цел нејзините членки да направат поголем профит. Ние како организација сме природен партнер на јавниот сектор и единствено во партнерство може да ја постигнеме заедничката цел – економски просперитет. Коморите во секоја развиена демократија секогаш биле значаен фактор во државата. Според многумина аналитичари, местото на коморите е веднаш до најрепрезентативните државни институции – Парламентот и Владата.

–  Македонската извозна политика треба да се насочи од класично субвенционирање на производството кон активна и системска поддршка на компаниите во освојувањето странски пазари, зголемувањето на конкурентноста и создавањето поголема домашна додадена вредност. Фокусот не треба да биде само на тоа колку извезуваме, туку и што извезуваме, на кои пазари и колкава економска вредност останува во Македонија.

– Бараме нов закон за јавни набавки каде домашните компании ќе имаат предност, најмодерен систем на статистичка евиденција како основа за градење економските политики, смалување на готовината во промет, електронска фактура итн. 

– Секој од креаторите на економските политики да се држи до своите надлежности, да партиципира максимално додека се остварат темелните вредности, кои во себе содржи компромис на енергија која на Балканот е и тоа како потребна, затоа што поделбите кај нас се по сите основи. Јас верувам дека идните генерации, ќе ги надминат сите тие поделби, и ќе изградат држава во која сите ние ќе живееме подобро, граѓаните со поголем стандард, бизнисот со поголем профит.  

– Многу бура се крена околу бројот на неработни денови. Државата ни врие по медиумите од невистини, полувистини и шпекулации. Ние за прв пат подготвивме законско решение со еминентни експерти, компаративни анализи по европските методологии и анкети по компании и јасно кажавме дека е ова едно од можните решенија. Но наместо јавна дебата, темелна расправа за прашање кое нас не засега, добивме плукања, говор на омраза и лични квалификации. Тоа го одразува степенот на демократска зрелост. Ние нема да запреме, ќе продолжиме високо професионално да работиме на приближување до западните вредности. И нема да ќутиме и ќе продолжиме да изразуваме ставови по сите прашања, но аргументирано, професионално и човечки.

– Јас цел живот создавам кадар. Често во јавноста кажувам дека нема успех на ниедно поле, ако нема јасно поставена цел, потребен кадар но и пари. Без тоа нема бизнис. Кадарот на Стопанската комора на Македонија е гарант на нејзиното постоење, иднина а не ѕидовите на зградата на Димитрије Чуповски бр. 13.

Целото интервју ќе може да се проследи во печатеното издание на магазинот Економија и Бизнис и на линкот https://ekonomijaibiznis.mk/nov-broj-ekonomija-i-biznis-15-oktomvri-2026g/

Стопанска комора

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“
Двајца жители на Подгорци приведени поради нелегална сеча
АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
Таг:азескипрофитстандард
Претходен напис Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
Следен напис (ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?