Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
Агровести

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Објавено 17/10/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоко истражената подводна пештера во светот, откако меѓународен тим спелеонуркачи достигна рекордна длабочина од 338 метри во рамки на експедицијата „Врело 2026“. Со овој подвиг беа поставени три светски рекорди, а пештерата го презеде првото место на светската листа пред локалитетите Фонт Естрамар во Франција и Елефанте Бјанко во Италија.

Како што соопштуваат од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, во периодот од 10 до 17 октомври меѓународен тим од 15 нуркачи од Македонија, Полска и Италија успеал да ја истражи пештерата до рекордни 338 метри, што е за 51 метар подлабоко од досега истражената длабочина од 287 метри.

Со тоа се поставени светски рекорди во три категории: најдлабоко истражена пештера од човек, најдлабоко нуркање во пештера и најдлабоко длабинско нуркање на отворени води.

Освен новите длабочини, експедицијата открила и два досега непознати подводни канали, со што мапата на пештерскиот систем е значително проширена. Вкупно се истражени повеќе од 150 нови метри пештерски канали, кои дополнително го збогатуваат познавањето на комплексниот подводен систем на Врело. Првиот новооткриен канал се наоѓа на околу 300 метри од влезот на пештерата, на длабочина од 33 метри и е долг приближно 100 метри, додека вториот е откриен на длабочина од 170 метри и се поврзува со главниот длабински канал на пештерата.

– За време на експедицијата освен истражувањата за длабочината на пештерата, нуркачките тимови од Полска и Македонија, открија уште два нови неоткриени канали, кои ја видоизменија мапата на пештерата и вкупната должина на пештерата. Во спелеологијата, должината на пештерата се пресметува вклучувајќи ги сите канали. Освен должината поради испитанта нова длабочина од 51м (338м-287м), дополнително вклупната должина на новите канали кои ги истражи оваа експедиција е повеќе од 100м, односно вклупно нови 150м истражена пештера. Во спелонуркаљњето овие нови канали се од исклучителна важност, поради комплексноста на целокупниот подводен пештерски систем. Првиот новоистражен канал кој се наоќа на 300м од влезот на пештерата е на длабочина од 33м, со приблична должина од 100м, завршува на 10м и се спојува со последниот крак кој е истражен во 2000 година. Вториот канал е на длабочина од 170м, со должина од 30 м и на 185м се спојува со главниот канал, кој досега беше единствениот истражен длабински канал – велат од СНК „Врело“.

Рекордното нуркање го извршил полскиот спелеонуркач Бартломиеј Питала, а целата операција траела девет часа. Неговото безбедно враќање било следено од 12 безбедносни нуркачи распоредени на различни длабочини во пештерата, додека на површината бил ангажиран координациски тим со медицинска и спасувачка поддршка.

– Финалното нуркање со кое се постигна рекордот во пештерата, а траеше девет часа, беше вниматлено планирано и организирано, и следено од 12 нуркачи кои беа распределени во различни временски периоди на различни локации и длабочини како безбедносни нуркачи, пратејќи го безбедното излегување на Бартиломеј Питала. Тимот на нуркачите со тимовите за прва помош, беше координиран од површинска подршка. Во текот на овие девет часа, на приправност беа хипербарична комора со специјализирани лица за третирање на декомприсиона болест, хеликоптерската единица на МВР, нуркачките тимови на САЕ Тигар со брзи чамци и специјализирани возила за транспорт, возило на Итна Помош – посочуваат од СНК „Врело“.

Резултатите од експедицијата „Врело 2026“ во подводната пештера Врело на кањонот Матка, при што се постигнати три нови светски рекорди, ќе бидат соопштени утре на прес-конференција во базниот

За потребите на експедицијата, македонскиот тим за првпат самостојно конструирал и поставил подводна воздушна комора – хабитат, на длабочина од осум до девет метри и на околу 130 метри од влезот на пештерата. Комората служела како простор за престој на нуркачите за време на долгите декомпресиски процедури.

– За потребите на експедицијата, и за првпат од Македионскиот тим, на 130м од влезот на пештерата, беше конструирана, внесена, обезбедена на локација и поставена воздушна комора (хабитат) на длабочина од 8м-9м. Оваа воздушна комора, за првпат е направена самостојно од Македонските нуркачи на СНК Врело, поставена на локација и обезбедена, и на крај означена со македонското знаме. Воздушната комора се поставува за користење на нуркачите за време на долгите декомпресиски периоди. Исто така беа поставени повеќе од 30 боци со различни миксови на гасови, на десетина локации и длабочини во пештерата, потребни за безбедно завршување на декомпресијата. Освен боците, на одредени локации во пештерата имаше и резервни батерии за греење и осветлување – нагласуваат од СНК „Врело“.

Досега Врело беше рангирана како трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот со достигнати 287 метри. Со новоизмерената длабочина од 338 метри, пештерата на Матка го презема првото место на светската листа на подводни пештерски системи пред Фонт Естрамар во Франција (312 метри) и Елефанте Бјанко во Италија (292 метри).

МИА

Може да ви се допадне

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“
Двајца жители на Подгорци приведени поради нелегална сеча
АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
Потпретседателот на АЗСРМ Гоце Сарафимов: Имаме одлично поднебје, но потребни се долгорочни стратегии за да го зачуваме производството
Жените од Ранковце– чувари на традицијата и промотори на домашните вкусови
Таг:ВрелоМаткаподводна пештераСветски рекорд
Претходен напис ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?