Министерот Љупчо Николовски ја посети компанијата „Био Оил“, која е единствена во регионот која произведува високо квалитетно ладно цедено масло од афион. При посетата Николовски потенцираше дека со новиот модел за субвенционирање, афионот, заедно со сончогледот и маслодајната репка како наши стратешки култури, ќе добиваат дополнителни субвенции и поддршка за зелена нафта, за три пати повеќе во однос на досегашната.
„Денеска сум во посета на компанијата Био Оил Екслузивни масла за јадење / Bio Oil Exclusive edible oils која е синоним за успех и младешки ентузијазам.
Александар и Кристијан се моите домаќини, млади луѓе полни со идеи и голема визија за македонското земјоделство и домашното производство. Нивната предност е во тоа што се уникатна, и единствена компанија во регионот која произведува високо квалитетно ладно цедено масло од афион.

Дека се визионери потврда е тоа што на нивна иницијатива, формирана е Алијанса во која членуваат 14 мали компании и сите заедно се борат за подобра продажба на нивните брендови, кои ги произведуваат од откупени домашни земјоделски производи.
Со новиот модел за субвенционирање, афионот, заедно со сончогледот и маслодајната репка како наши стратешки култури, ќе добиваат дополнителни субвенции и поддршка за зелена нафта, за три пати повеќе во однос на досегашната.
Ова нека биде „лајт мотив“ за сите земјоделци кои порано одгледувале афион, да се мотивираат и заедно да ја вратиме оваа култура на македонските полиња.“, рече Николовски.

