Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Никола и Марјан, предводници на „Договорно производство на органска пиперка“: Ова ќе биде успешна реколта, очекуваме добро да заработиме!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (ВИДЕО) Никола и Марјан, предводници на „Договорно производство на органска пиперка“: Ова ќе биде успешна реколта, очекуваме добро да заработиме!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(ВИДЕО) Никола и Марјан, предводници на „Договорно производство на органска пиперка“: Ова ќе биде успешна реколта, очекуваме добро да заработиме!

Објавено 22/08/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Младите Никола Ќиров од Кавадарци и Марјан Ангелов од Лозово, се предводници на проектот Договорно производство на органска пиперка. На Марјан ова му е втора година во преод, а Никола годинава успешно се приклучи на проектот со 3 ха под органска пиперка, 0,5 ха органски модар патлиџан и исто толку органска зелка.

Нивното производство преку проектот на Агротим и  Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е  – го следиме од првиот ден, од засејување на леите, подготовка на расадот, расадувањето и сите агротехнички мерки до фазата во која сега се наоѓа пиперката а тоа е берба кај Марјан или фаза на црвенење на пиперката во насадот на Никола.

Никола досега е задоволен од напредувањето на пиперките. Вели дека нема некои поголеми грешки кои би влијаеле на родот или на самото растение и дека органското производство не е тешко, само бара повеќе ангажман особено околу плевењето.

Никола ја потенцира важноста од проектот, особено во делот со стручните совети на терен.

-Ако немаше стручни совети, како прво немаше ни да се нафатиме да ја одгледуваме оваа култура затоа што ја одгледуваме за прв пат, но со стручните совети од страна на советничката за органско производство Ангела Ѓеровска сме задоволни“ – вели Никола.

Во овој период пиперката е во фаза на зреење и сега се очекува периодот на бербата. Тој има направено договор со „ЛАРС“ од Штип, домашен преработувачки капацитет кој ќе ги откупи органските пиперки по цена од 30 денари за килограм.


Марјан и Фросина Ангелови од село Лозово, втора година по ред на еден хектар површина произведуваат органски пипер како дел од проектот Договорно производство на органска пиперка. За таа цел, во дворот на семејната куќа во Лозово, најнапред ги подготвија леите, следуваше сеидбата на семето и производството на расад.

Минатата година имале лошо искуство со неквалитетен расад, затоа годинава најголемиот дел од расадот го набавија од друг искусен земјоделец за производство на расад, за да бидат сигурни во производството и висината на родот.

Од годинешната реколта сме моментално задоволни, значи работиме во полн ек, пиперот напредува и е во добра фаза. Малку временските услови, тоа што се поголеми температурите пречеа на цветот и на пиперката, но се справивме и со тоа со повеќе вода и моментално пиперот е одличен, и еве започнавме со берба – вели Марјан.

Искуството од лани ни користи многу. Лани бев нов, сега ми е втора година, знам веќе каде се проблемите, каде се маните и ги решивме предвреме, така што оваа година досега сме задоволни и немаме некаков проблем.

Со ова производство ќе продолжиме и во текот на наредните години ако биде како претходната година да бидеме задоволни со откупот, со цената, со плаќањето, со сите тие работи, исто со субвенционирањето да бидеме задоволни и ќе продолжиме да го работиме договорното производство се додека можеме – заклучува Марјан.

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:ангела ѓеровскаЛАРСникола ќироворгансја пиперкаорганско приизводство
Претходен напис Цените на житарките на светските пазари паднаа за речиси 30 евра по тон
Следен напис Николовски: Постигнавме договор со винариите и лозарите – 13 денари за смедеревката, 15 денари за вранецот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?