Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на житарките на светските пазари паднаа за речиси 30 евра по тон
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Цените на житарките на светските пазари паднаа за речиси 30 евра по тон
Пазари

Цените на житарките на светските пазари паднаа за речиси 30 евра по тон

Објавено 22/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на житарките минатата недела паднаа на најниско ниво во последните седум месеци, и тоа за речиси 30 евра по тон или за осум отсто, пишува Агрархеуте.

Овој тренд е поттикнат од растот на извозот на житарки од Украина. Имено, од договорот за коридорот за испорака, од таа земја се испорачани повеќе од 622.000 тони, што е голем притисок врз светските цени на житарките. USDA го проценува украинскиот извоз за сезоната 2022/23 на 30,4 милиони тони, што е значително повисоко од јулската прогноза од 22,6 милиони тони.

Цената на пченицата на европскиот термински пазар минатата недела падна на нешто помалку од 314 евра за тон за првиот септемвриски договор.

На берзата во Хамбург лебната пченица во четвртокот чинеше 317 евра за тон, а понудите за добиточен јачмен биле 290 евра за тон. Во француското извозно пристаниште Руан во петокот цените на пченицата изнесуваа 314 евра за тон, а на јачменот 272 евра/т.

Освен зголемениот црноморски извоз, на овој тренд влијае и прогнозата за високиот род во Русија и Индија, тврдат аналитичарите.

Руската консултантска компанија SovEcon ја зголеми прогнозата за жетвата на пченицата за оваа, 2022 година, на 94,7 милиони тони од претходно очекуваните 90,9 милиони тони.

Прогнозата е зголемена поради рекордно високиот моментен принос на пченица во многу региони и подобрата состојба на пролетната пченица по дождовите кои наврнаа претходните недели, соопштија тие.

Покрај тоа, Меѓународниот совет за житарки (IGC) ја зголеми својата прогноза за глобалното производство на пченица во сезоната 2022/23 за 8 милиони тони на 778 милиони тони.

Сепак, значително ја намалија прогнозата за глобалното производство на пченка за 10 милиони тони на 1.179 милиони тони. Причината се намалените изгледи за жетва во Европската Унија и во САД.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Ангеловски во Кривогаштани: ДИЗ ќе врши засилени инспекциски контроли на откупните пунктови
Србија прогнозира раст на жетвата на пченица од 4,5 проценти
МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз
Таг:житаркиизвозпченица
Претходен напис Ново зголемување на цената на дизелот од полноќ
Следен напис (ВИДЕО) Никола и Марјан, предводници на „Договорно производство на органска пиперка“: Ова ќе биде успешна реколта, очекуваме добро да заработиме!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?