На 42-та Конференција на Европската комисија за земјоделство на ФАО, претставничката на Република Северна Македонија во Организацијата за храна и земјоделство на ОН, ФАО, Лидија Попандонова е избрана за заменик претседавач со Европската комисија за земјоделство на оваа Организација.
„Изборот на нашиот претставник е големо признание за државата и претставува потврда за долгогодишната успешна соработка со ФАО, заснована на бројни проекти и програми за зајакнување на конкурентноста на земјоделскиот сектор. Позиционирањето на Република Северна Македонија во ФАО и поддршката на земјоделството како еден од клучните економски ресори во нашата земја, преку активен пристап и лобирање, за нас е многу важно.
Целта е успешно да се афирмираат националните економски интереси и да се прошири и зајакне поддршката што се обезбедува во моментов.“, посочуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
