Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледување на шампињони: Најважен фактор е оптималната температура
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Одгледување на шампињони: Најважен фактор е оптималната температура
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Одгледување на шампињони: Најважен фактор е оптималната температура

Објавено 04/11/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одгледувањето на шампињони е значителн оунапредено во последниве години врз основа на примена на научни сознанија и технолошки иновации. Ако одлучите да одгледувате шампињони, мора да знаете сè за просториите во кои се одгледуваат ваквите печурки.

Одгледувањето печурки не е лесен процес. За правилен раст на печурките и добар принос, неопходно е да се избере вистинска просторија за нивно одгледување. Секако, покрај ова, најважно е во таа просторија да има оптимални услови во кои печурките ќе растат од самиот почеток на одгледувањето до бербата.

За домашно производство на печурки обично се погодни темни и влажни простории, кои тешко може да се користат на друг начин. Таква соба е, на пример, подрумот.
Современото производство на печурки подразбира изградба на помали или поголеми хали и тунели кои мора да бидат изградени според сегашните стандарди и да ги исполнуваат оптималните услови за одгледување на овие печурки. Просториите за производство мора секогаш да бидат чисти, со можност за вентилација. Најважен услов за добар принос на печурки е температурата.

Оптимална температура за одгледување шампињони

Печурките во текот на нивната животна активност во различни фази на развој бараат различни температури и се многу чувствителни на тоа. Поради ова, неопходно е просторијата или салата во која одгледувате печурки да содржи уреди за загревање и ладење на воздухот, како и регулатор на температурата.

Во текот на целиот циклус на растење на печурките, покрај температурата на воздухот, мора да се земе предвид и температурата на подлогата. Доколку температурата на подлогата во кое било време надминува 30 степени, потребно е што поскоро да се излади производната хала или тунелот, бидејќи температурите над 30 степени може да го уништат мицелиумот.

Растот на печурките започнува во фазата кога мицелиумот расте низ компостот и покривниот слој. Оптималната температура во оваа фаза и во моментот на формирање на плодните тела е помеѓу 15 и 17 степени.

Оптималната температура на просторијата за одгледување печурки во фазата на развој на мицелиумот е околу 25 степени.

Мицелиумот од печурките ќе ја прерасне покривката за 8 до 10 дена, а потоа потребно е да се намали температурата за 5 до 7 степени.

Повисоката температура во просторијата за производство ќе го забрза растот на печурките, но и ќе го намали нивниот квалитетот.

Во самата подлога, температурата за време на бербата на печурките е обично од 15 до 17 степени. Доколку температурата е поголема за време на бербата, која трае околу 45 дена, може да се случи стебленцата на печурките да се издолжат. Од друга страна, ако времето на покачување на температурата е пониско од 15 степени, времето на пораст се продолжува, но и печурките ќе бидат поквалитетни.

Набраните печурки се чуваат на температура од околу 2 степени.

Влажност, светлина и квалитет на воздухот

Покрај температурата, потребно е да се одржува оптималната влажност на производствените простории. Релативната влажност во халите и тунелите за производство на печурки треба да биде помеѓу 85 и 95%.

Во текот на целиот производствен процес неопходно е присуството на свеж кислород, па затоа е неопходно да се овозможи редовно проветрување во сите фази на растење на печурките. Присуството на јаглерод диоксид негативно влијае на растот и развојот на габите, а неговата концентрација во воздухот не смее да надмине 0,5%.

Директната светлина не влијае негативно на растот на печурките, но може да предизвика сушење на производните површини, но и промена на бојата на плодовите и да го забрза развојот на патогени и штетници, што значително влијае на квалитетот на плодот.

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:шампињони
Претходен напис Мртвото Море се повлекува, а зад себе остава уникатни и чудесни, но опасни кратери
Следен напис Глобалните емисии на јаглерод се враќаат на нивоата од пред пандемијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?