Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Глобалните емисии на јаглерод се враќаат на нивоата од пред пандемијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Глобалните емисии на јаглерод се враќаат на нивоата од пред пандемијата
Агровести

Глобалните емисии на јаглерод се враќаат на нивоата од пред пандемијата

Објавено 04/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во 2020 година емисиите на CO2 се намалија за рекордни 1,9 милијарди тони, што беше намалување за 5,4 отсто, откако сите земји воведоа локдауни и затворање на економиите.

Емисиите на јаглерод диоксид се приближија до нивоата од пред пандемијата на коронавирусот, покажуваат резултатите од најновото истражување објавено денеска, а во која се посочува дека емисиите од јаглен и природен гас се зголемуваат во енергетскиот и индустрискиот сектор, додека емисиите од транспортот останаа на ниско ниво.

-Очекувавме одредено зголемување. Тоа што не изненади е интензитетот и брзината на зголемувањето, рече лидерот на истражувањето Пјер Фридлингштајн, истражувач за климатско моделирање од Универзитетот во Ексетер.

Во 2020 година емисиите на CO2 се намалија за рекордни 1,9 милијарди тони, што беше намалување за 5,4 отсто, откако сите земји воведоа локдауни и затворање на економиите. Новиот извештај подготвен од „Global Carbon Project” предвидува дека емисиите годинава ќе се зголемат за 4,9 проценти.

Најголемите загадувачи во светот, Кина и Индија, се очекува да имаат повисоки емисии во 2021 година отколку во 2019 година, а САД и Европа треба да забележат нешто побавно зголемување на емисиите на штетни гасови.

Кина и во 2020 година беше над просекот бидејќи инвестициите во закрепнување од пандемијата доведоа до големо зголемување на употребата на јаглен, и покрај намалувањето на емисиите во некои земји.

Истражувањето предвидува дека вкупните глобални емисии годинава ќе достигнат 36,4 милијарди тони јаглерод диоксид.

Извештајот е објавен за време на средбата на лидерите на самитот на ОН за климата во Глазгов, во Шкотска.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јаглерод
Претходен напис Одгледување на шампињони: Најважен фактор е оптималната температура
Следен напис Во Белград ќе се одржи фестивал на сирења и кашкавали од Балканот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?