Во златното доба во прекрасниот град Ајн Геди во 1960-тите, посетителите можеле да пливаат во загреаните базени со вода, а потоа да скокаат во Мртвото Море.
Денес тоа е минато бидејќи вдлабнатините можат да се формираат за миг и да достигнат длабочина од повеќе од десет метри, а се намножиле во последните дваесет години на брегот на езерото.
Како што водата се повлекува, таа зад себе остава наслаги на подземна сол. Кога врне, свежата вода влегува во почвата и ја раствора солта, па бидејќи нема потпора, земјата се урива и формира кратери.
Некогаш туристичко одморалиште, Ајн Геди сега е „град на духови“, искривен од кратери каде што насадите со урми се напуштени, а милиони шекели инвестирани во туризмот отишле во неврат.
Итаи Гавриели, научник од Геолошкиот институт на Израел, вели дека илјадници кратери се формираат на секоја страна од Мртвото Море. Овие опасни кратери, но и „уникатни и чудесни“, се директен резултат на пресушувањето на езерото во 1970-тите поради отстапувањето на реката Јордан и зголемената експлоатација на минерали.
Денеска Мртвото Море добива само 10 отсто вода во споредба со претходниот период, бидејќи Израел и Јордан имаат зголемени потреби за вода за пиење и за наводнување.

И затоплувањето придонесува за сушење на Мртвото Море, па така во јули 2021 година во Содом, југозападно од Мртвото Море, измерени се 49,9 степени Целзиусови.
Гидон Бромберг, израелски директор на невладината организација Ecopeace, објаснува дека овие кратери се „одмазда на природата“ на човекот за „неприфатливата акција“.
„Нема да можеме да го вратиме Мртвото Море во претходната состојба, но сакаме нивото на водата барем да се стабилизира“, вели Бромберг.
Неговата организација обединува јордански, палестински и израелски научници и се залага за зголемување на бигорот на Средоземното Море за да се ослободи Галилејското Море и реката Јордан што се влева во Мртвото Море и во тој случај да донесе повеќе вода.
Ecopeace, исто така, сака индустријата да го сноси својот дел од одговорноста со плаќање повисоки даноци.
Јорданското Министерство за води смета дека треба да се бараат решенија на меѓународно ниво, кое треба повеќе да се запознае со проблемот со Мртвото Море.
Во јуни, Јордан, една од земјите со најголем недостиг на вода, се откажал од изградбата на канал што го поврзува Црвеното со Мртвото Море, што требаше да се спроведе во соработка со Израел и Палестинците.
Но, дури и да бил изграден каналот, тој не може да го спаси езерото, вели Еран Халфи, хидролог од научниот институт „Арава“.
„На Мртвото Море му недостигаат милијарда метри просторни вода годишно, а каналот може да донесе 200 милиони кубни метри“, објаснува Халфи.
Научниците веруваат дека повлекувањето на Мртвото Море е неизбежно во следните сто години и дека кратерите ќе продолжат да се шират. Но, после тоа, езерото би можело да се врати во рамнотежа бидејќи како што се намалува неговата површина, водата ќе стане посолена и испарувањето ќе се забави.
Таквата иднина во која „морето, можеби еден ден ќе си ја врати рамнотежата“, Алисон Рон од Ајн Геди ја отфрла, и го обвинува човекот за играње со природата, по што заклучува: „Треба да се срамиме што дозволивме да се случи ова“.
