Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов начин на продажба во Славонија: Го пробав ова од очај, а на крај излезе супер, еве ја и цената!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Нов начин на продажба во Славонија: Го пробав ова од очај, а на крај излезе супер, еве ја и цената!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Нов начин на продажба во Славонија: Го пробав ова од очај, а на крај излезе супер, еве ја и цената!

Објавено 13/09/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стјепан Думанчиќ од Чеминце во Барање е еден од производителите кои се обидуваат своите производи директно да им ги продадат на купувачите.

Овоштарникот со јаболка на Стјепан Думанчиќ е една од најпосетените барањски локации од почетокот на оваа недела. Само во понеделникот и вторникот, значи првите два дена од Стјепановата работно-продажна-туристичка акција, низ редовите на неговите јаболки од сортата „гала“ поминале повеќе од 200 луѓе во потрага по квалитетни јаболка по пристапни цени и работен престој во природа.

Идејата, секако, не е нова. Во Хрватска имаше акции во кои овоштарите ги отвораат вратите на своите имоти за граѓаните и им овозможуваат за популарни цени да наберат овошје колку им треба. Но, во ова време, кога секојдневно на пазарите и во продавниците сме сведоци на поскапување на овошјето и зеленчукот, ваквите акции добиваат дополнително на тежина. Нашиот домаќин за граѓаните и за себе смислил спојување на пријатното со корисното.

„Видовме објава дека може да се дојде и да се набере јаболка за три куни (25 денари) по килограм, што е и двапати поевтино отколку во продавниците, па одлучивме да ја искористиме оваа многу добра прилика. Беше супер, се запознавме и со други луѓе, беше забавно“, рекла Тихана Влајниќ од околното Билје и додала со насмевка: „Гледаме дека има и црвчиња, што значи дека не се многу третирани“.
Акцијата ја пофали и Данијела Петров од Осијек.

„Одлична акција, спојување на удобното со корисното, цената е фантастична, јаболките совршени, времето убаво, убаво поминато време“, коментира Данијела, која е задоволна како и Данијела Цвијовиќ, која во бербата ја понела и осумгодишната ќерка Леа за да види каде и како се берат јаболката, кои инаку ги купуваат во продавниците.

И семејството Секол од Осијек стигнало со подмладокот. Нивниот шестогодишен син Јуре пред доаѓање им рекол дека најмногу се радува на кашичката која мајка му Ивана ќе му ја направи од набраните јаболка, па со родителите направил план и самиот да им помогне во бербата.

„На годишен одмор сме, па добра ни се виде идејата да го доведеме синот да види како изгледа тоа. Инаку, Стипе го знам од порано, многу интересен лик е со својот пристап за обработка на земјата кое од самиот почеток е некако поинакво, имаше и добри маркетиншки трикови, брендирање… Тој е дигитален земјоделец, па и ова го истера преку Фејсбук, луѓето да дојдат да работат нешто што инаку не би отишле да го работат кај своите баби кога е семејна работна акција. Гледам на тоа суперпозитивно“, изјавил Иван Секол за потегот на Думановиќ.

„Тоа го направивме од потреба. Трговските синџири бараат крупни јаболка за многу ниска цена, а ние немаме крупни јаболка. Не само јас, туку општо во цела Европа поради климатските промени и покрај наводнувањето, ѓубрењето… не се успеа да се постигне да добиеме крупни јаболка. Некаде се помалку ситни, некаде повеќе ситни, но генерално секаде се поситни од она што го бараат трговските центри. Тоа ни е проблем и бев присилен да го пробам ова речиси од очај, бидејќи друга варијанта е сѐ да се испрати во индустрија за 50 липи по килограм (4 денари). На крај излезе супер“, вели Стјепен.

Купувачите добиваат подобри, но поевтини јаболка и искуство во берење

Од позиција на Стјепан Думанчиќ со ваквиот начин на продажба сите се во добивка.

„За купувачите кои обично купуваат на пазар или во продавниците, три куни се доста поволна цена. Освен тоа, го имаат и тоа искуство сами да наберат јаболки од дрво. Ова е „вин-вин“ ситуација во смисла дека мене ми е добро бидејќи имам три куни без трошоци, купувачите имаат суперповолни јаболка кои се на дрво, а не од Полска, и трето, цело искуство, е добро“, изјавил Думанчиќ.

„На вкупно три хектари имам уште и сорта „фуји“, која наскоро ќе биде за берба. Ако помине сѐ да пласирам на ваков начин, веќе нема да одам да продавам на море за со потешкотии да заработам 3-4 куни, туку ќе отворам овоштарник и ќе продавам вака “- порачува овој овоштар кој на имотот нуди и свои брендирани мармалади, ајвар, мелена пиперка и сирупи под името „Стипино“, како и куќа за одмор со базен, настрешница со скара за забава, мал рибник…

Извор: јutarnji.hr

Може да ви се допадне

КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Насади со ФСТАЦИ – перспектива за македонското овоштарство: Услови, набавка на садници, садење, резидба…
(ВИДЕО)Одгледувањето на ова растение носи астрономски профит! Ретко кој го одгледува, а има одлична основа за добра берба
Килограм чини неколку илјади евра, а Европа е луда по ова растение
Млад брачен пар започнал здрав бизнис: Тие прават домашен оцет од диви јаболка, сремуш и глуварче без никакви додатоци
Таг:стипино
Претходен напис Пајасен, инвазивно дрво што се шири низ Хрватска – Брзо расте, има негативно влијание врз екосистемот и предизвикува здравствени проблеми
Следен напис Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД и воведување на ИАКС систем
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?