Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД и воведување на ИАКС систем
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД и воведување на ИАКС систем
Агровести

Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД и воведување на ИАКС систем

Објавено 13/09/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во просториите на АФПЗРР, имаше средба со министерот за земјоделство на Република Црна Гора Александар Стијовиќ и со државната секретарка за земјоделство на Црна Гора Николина Мишниќ.

На состанокот се разговараше, како двете институции да обезбедат меѓусебна соработка и взаемно да си помагаат во насока на развој и јакнење на административната структура како и зголемена апсорпција на средствата и од националниот, но и од ЕУ Буџетот. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски истакна дека со интензивирањето на комуникацијата на политичко и техничко ниво се отвараат и нови можности за разменана искуства и меѓусебно помагање на патот кон ЕУ и за двете земји.

„Република Северна Македонија преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руреалниот развој, веќе долго време ја реализира ИПАРД програмата. Најдобар доказ дека и институцијата и земјава имаат капацитет за нејзина успешна имлементација е целосното искористување на расположливите средства одобрени од ЕУ, преку ИПАРД 2 програмата. Потврда дека сме лидер во регионот за искористување на средствата од ИПАРД 2, пристигна и од Директоратот за земјоделство на ЕУ. Ние имаме и капацитет и желба за дисеминација на досегашното искуство и знаење на земјите од регионот кои се на почеток на патот од евроинтегративниот процес. Со задоволство, заедно со целиот мој тим, стоиме на рсполагање да ги споделиме искуствата од областа на директните плаќања, имплементцијата на ИПАРД програмата како и креирањето и користењето на ИАКС системот.“ – истакна Бачовски.

Министерот за земјоделство на Црна Гора, Стијовиќ, истакна дека добредојдени се сите искуства и насоки се со цел успешна имплементација на ИПАРД програмата во Црна Гора, но и апсорпцијата на средствата од националниот буџет.

„Заедничкото минато, географската близина, и досегашното искуство се гарант за успешна соработка во иднина.Имаме многу што да научиме од институционалната меморија на вашите служби и се надеваме дека вашата поддршка во нашите реформи нема да изостанат.“ – истакна Стијовиќ.

Двете институции, заедно со МЗШВ во наредниот период ќе склучат и договор за соработака со што и официјално ќе почне меѓусебната соработка.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:БачовскиЦрна Гора
Претходен напис Нов начин на продажба во Славонија: Го пробав ова од очај, а на крај излезе супер, еве ја и цената!
Следен напис Времето денеска сончево со слаб северен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?